Повозрасните често знаат да кажат дека треба да се чуваат старите парчиња облека, затоа што модата се враќа. Сепак, голем број од нас потајно се надеваат дека одредени парчиња облека засекогаш ќе останат заборавени. Оваа пролет, светските дизајнери приготвија вистинско изненадување за сите што се надеваа дека фармерките со низок појас засекогаш ќе останат во минатото.