Мини модна икона од Турција има потенцијал да ја преземе титулата „најубаво девојче на светот“
Од најмали нозе нејзината мајка ја облекува во совршени модни комбинации – Маја Басол од Турција е мала модна икона, која ја очекува блескава кариера, ако се одлучи да влезе во светот на модата.
Ако мислите дека ова девојче има подобри модни аутфити од вас, не грижете се, не сте единствени.
Маја Басол е мини ѕвезда која освојува на Инстаграм со модните комбинации на кои нејзината мајка очигледно посветува многу внимание.
Тие имаат заеднички Инстаграм профил, а честопати мајката Асја и ќерката Маја се облечени во модно усогласени комбинации.
Додека од своите 200.000 фанови добиваат голема поддршка и восхит, сепак многумина не се согласуваат со тоа децата од мали нозе да се однесуваат како возрасни, но тоа очигледно не е пречка за Асја.
Малата Маја има специфични црти на лицето, слично како и Тилан Блондо, која своевремено, на 6-годишна возраст ја доби титулата „најубаво девојче на светот“, а сега има 19 години и работи како модел.
Освен „најубаво девојче на светот“, Маја Басол ја заслужува и титулата „мини модна икона“ - уверете се и сами:
https://www.instagram.com/p/CMHcs4BHNHP/
https://www.instagram.com/p/CLcTVx4neNP/