Модни креации инспирирани од најдобриот уметник – природата (фото)
Џил Шерман води Инстаграм профил посветен на модните креации инспирирани од природата. Таа објавува фото-споредби од модните креации на разни дизајнери, заедно со природната појава што ги инспирирала.
Факт е дека сите црпиме инспирација од природата, особено кога сакаме да ја покажеме нашата креативност. Сликарите неретко ја претставуваат природата во нивните дела, без разлика дали станува збор за пејзаж или апстрактна слика.
И архитектите често ги проектираат нивните градби црпејќи инспирација од природата. Фотографите, модните дизајнери, па дури и оние кои развиваат технолошки решенија се свртуваат кон природата кога им треба некоја нова идеја.
Ова го сфатила и Џил Шерман од САД, која направила Инстаграм профил посветен на модните креации инспирирани од природата. На профилот Џил објавува фото-споредби од модните креации и природната појава што му била инспирација на дизајнерот.
Со секоја фотографија, Џил споделува и по некој факт за креацијата, но и за животното, растението или природната појава што ја инспирирала.
Можеби сами не би ја забележале оваа поврзаност, но штом ќе ги погледнете споредбите на Џил, ќе сфатите дека во скоро секоја модна креација се крие нешто од природата. А, овие споредби само го потврдуваат она што го знаеме сите – природата дефинитивно е најдобриот уметник.
Во продолжение дел од најинтересните споредби:
Спирова С. | Црнобело