Gucci продава виртуелни патики - не можете да ги носите, туку само да ги користите за фотки
Можете да си купите Gucci патики за само 9 долари, но не и да ги носите, бидејќи се виртуелни. Патиките се купуваат преку апликација и ќе можете да ги користите само за фотографии, слично како филтрите достапни на Инстаграм.
Познатите модни брендови редовно продаваат чудна облека и бизарни модни додатоци и тоа по огромни суми, а секогаш има некој што ќе ги купи.
Сега и познатиот бренд Gucci се најде на листата со бизарни продукти. За разлика од повеќето модели на овој бренд, новите патики што ги претставија чинат само 9 долари, односно околу 8 евра.
Но, ако си ги купите нема да можете да ги носите бидејќи се виртуелни.
Италијанскиот бренд ги продава виртуелните патики на нивната апликација и ако си ги купите, ќе можете да ги вметнувате во ваши фотки.
Штом ќе ја вклучите камерата преку апликацијата и ќе застанете пред неа, на вашите нозе ќе се појават новите патики на Gucci.
На патиките доминира светло зелената боја, а има и детали со светлосина, розова и црвена боја.
Моментално патиките можат да се купат во САД и Велика Британија, а не е познато дали ќе бидат достапни и за други држави.
Што мислите, вреди да се плати за виртуелни патики или и ова е само залудно фрлање пари?
Спирова С. | Црнобело