6 непишани модни правила на кои мажите постојано ги забораваат
На себе имате неколку парчиња накит одеднаш, носите прекратки кошули врз панталони, бирате прекратки шорцеви - кои се најчестите грешки на мажите во облекувањето?
Сосема е во ред секој да има свој стил и да не гледаме на улиците мажи и жени облечени во иста облека како униформа, но дефинитивно некои правила е во ред да се следат.
Мажите честопати забораваат на некои модни правила, а со тоа оставаат впечаток на маж без стил.
Секако, понекогаш е во ред да прекршите по некое правило, но треба да знаете кога и како.
Ако не сте по следењето трендови, барем држете се до следниве непишани правила:
Не претерувајте со накитот
Најчесто важи правилото - помалку е повеќе. Едноставно изгледа премногу натрупано кога на себе имате часовник, ланец, нараквица, шапка, очила за сонце...
Комбинирате широка маица со широки и спуштени панталони
Непишаното правило вели дека не е пожелно двете парчиња да бидат прешироки – обидете се барем едното да ја следи линијата на телото.
Не бирате одела соодветни на телото
Формата на телото и висината играат улога во изборот – пониските мажи треба да носат слим-фит модели, со едно закопчано копче, за да ја издолжат силуетата.
Повисоките мажи може да носат потемни бои кои визуелно го намалуваат волуменот на телото, а кај нив може да бидат закопчани и две копчиња.
Кошулите што ги носите од надвор ви се прекратки
Кога кошулата ја комбинирате во лежерен аутфит и сакате да биде од надвор, одберете кошула со идеална должина, а не кратка која ќе ви го открива телото.
Погрешно местење на кошулата во панталони
Кога сакате да изгледате елегантно, една од грешките која мажите ја прават најчесто – ја вадите кошулата премногу од страните и создавате екстра волумен.
Исто така, важно е да ја вметнете рамномерно во панталоните, за да не се создаваат испакнати делови кај панталоните.
Носите прекратки шорцеви
Шорцевите може да изгледаат невкусно кога не се со добра должина и не одговараат на телото.
Важно е добро да го погодите моделот – да не бидат предолги, но не и прекратки и да откриваат повеќе од потребното.
Непишано правило – шорцевите треба да бидат 2.5 до 7 cm над коленото.
М. М. | Црнобело