Хит на социјалните мрежи – девојка создава тренди креации од облека купена на старо (фото)

Кејтлин од Хаваи е хит на Инстаграм и ТикТок со нејзините креации направени од облека купена на старо и се надева дека ќе ги инспирира другите да ја разбудат својата креативност и да почнат сами да си ја преправаат облеката.

hit-na-socijalnite-mrezhi-devojka-sozdava-trendi-kreacii-od-obleka-kupena-na-staro-foto-0.jpg

Купувањето облека на старо станува многу популарно ширум светот, а во поголемите држави продавниците наменети за ваква облека се вистински хит.

Но, оние кои имаат искуство со купување облека на старо истакнуваат дека може да биде тешко да најдете убаво парче облека кое навистина би го носеле.

Поради тоа, инфлуенсерката Кејтлин Трентам почнала да ја преправа облеката купена на старо, претворајќи ја во тренди парчиња кои изгледаат одлично.

Кејтлин почнала да ги споделува нејзините креации на ТикТок и Инстаграм и вели дека благодарение на нив собрала 100.000 следбеници на Инстаграм и над 800.000 на ТикТок.

Кејтлин отсекогаш сакала винтиџ облека, а го почнала проектот околу периодот кога почна пандемијата. Вели дека од огромна помош ѝ е што во нејзиниот град во Хаваи има многу продавници за облека на старо во кои можете да најдете сè и сешто.

„Почнав да експериментирам со облека минатата година. Кога почна пандемијата имав многу време за вежбање и направив неколку проекти што ми се допаднаа“.

Кејтлин вели дека облеката ја прави за себе, но се надева дека со објавите ќе ги инспирира и другите да им дадат шанса на парчињата купени на старо, но и да ја разбудат својата креативност и да почнат сами да си ја преправаат облеката.

„Имајте на ум дека на почетокот многу од работите што ќе ги правите ќе бидат ужасни, и тоа е сосема во ред. И тоа е дел од процесот!“

Дел од најдобрите креации на Кејтлин:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg