8 совети за секси задник
Пролетните денови си носат откривање на женските задници кои во текот на зимата се криеле под капутите. Ако помислата на костим за капење и...
...кратко фустанче ви создава главоболка време е да го доведете задникот во форма со неколку практични совети:
1. Скали. Од денес одете пешки по скали секогаш кога ќе ви се укаже можност за тоа. Избегнувајте ескалатори и лифтови.
2. Затегнување на мускулите. Затегнете ги и повторно опуштете ги мускулите додека седите, готвите, стоите во ред. Мускулите затегнете ги 10-20 секунди, опуштете ги па повторно затегнете. Најмалку 10 пати.
3. Чучњеви. Одвојте 5 минути во денот за нив. Застанете исправено, полека свиткајте ги колената и повторно станете. Вдишете на патот надолу, издишете на враќање.
4. Ширење на колениците. Оваа вежба можете да ја правите и на работа. Седнете и ставете ги рацете на внатрешните делови од колената. Со рацете туркајте ги колената едно кон друго, додека истовремено со нозете создавате отпор за да не ви се допрат колената. Притисокот задржете го околу 5 секунди, а потоа опуштете се. Вежбата во еден циклус повторете ја барем 5 пати.
5. Трчање. Одличен тренинг не само за задникот туку и за останатите делови од телото. Ги топи масните наслаги и ве враќа во форма.
6. Велосипед. Возењето велосипед помалку ги оптеретува зглобовите отколку трчањето. Со малку концентрација силата може да ја црпите токму од подрачјето на колковите и задникот.
7. Одење на прсти. Уште една практична вежба која не бара многу време. Одете на ножните прсти 30-тина секунди. Потоа спуштете се и повторете ја вежбата 10 пати.
8. Вежба со перница. Навечер застанете пред телевизор ставете ја перницата меѓу колената и почнете да ја притискате. Мускулите на нозете при ова мора да бидат затегнати. Обидете се да ја задржите положбата колку можете подолго.