8 модни тајни со кои Скандинавките изгледаат одлично дури и на ниски температури

Шарени дебели чорапи, долги кожени јакни, плетени џемпери и дебели елеци наместо јакни... Жените во скандинавските земји навистина имаат поинакво чувство за мода од останатите. Дали би се облекле и вие така?

8-modni-tajni-na-skandinavkite-za-da-izgledaat-odlichno-duri-i-na-ekstremno-niski-temperaturi-01.jpg

Скандинавските жени се предводнички на зимската мода – тие знаат како да се дотераат за да не им студи, а истовремено да покажат дека имаат стил, дури и на екстремно ниски температури.

Кои модни правила на Скандинавките можете да ги следите и вие во зима?

Удобни наместо женствени чевли

Поради студените зими со температури под нулата, мразот и снегот кој не се топи со месеци, жените во скандинавските земји ретко носат високи потпетици.

Тие преферираат удобни обувки во кои ќе им биде топло.

Чизмите им се со рамен ѓон – тие избегнуваат дури и дебели потпетици.

8-modni-tajni-na-skandinavkite-za-da-izgledaat-odlichno-duri-i-na-ekstremno-niski-temperaturi-08.jpg

Не одат никаде без дебели чорапи

Дебелите чорапи со различни дезени се вистински хит.

Ги носат кренати над чевлите.

За разлика од Русинките, кои и на снег знаат да излезат од дома со голи глуждови, Скандинавките секогаш ќе изберат дебели чорапи (по можност од волна).

8-modni-tajni-na-skandinavkite-za-da-izgledaat-odlichno-duri-i-na-ekstremno-niski-temperaturi-09.jpg

Ја носат поинаку кожената јакна од сите останати жени

Скандинавските жени веруваат дека кожената јакна треба да е удобна. Затоа и најслабите жени најчесто избираат XL или ХXL модели кои ќе им го покријат не само торзото, туку и колковите.

За разлика од останатите жени во светот, кои избираат црна боја, Скандинавките се решаваат за јакни во кафеава боја.

8-modni-tajni-na-skandinavkite-za-da-izgledaat-odlichno-duri-i-na-ekstremno-niski-temperaturi-07.jpg

Купуваат квалитетни панталони/фармерки кои се удобни

Според жените во скандинавските земји, панталоните, пред сè, треба да се удобни. Затоа не носат тесни модели, туку широки и рамни парчиња.

Во Шведска, на пример, најмногу купуваат фармерки со висок струк, а во Данска омилени им се црните панталони.

Во северните земји популарни модели на панталоните се и оние со вертикални линии или панталони во стилот на пижами – меки, удобни и широки.

8-modni-tajni-na-skandinavkite-za-da-izgledaat-odlichno-duri-i-na-ekstremno-niski-temperaturi-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 модни додатоци кои Французинките ги носат поинаку од другите жени Иако повеќето стилисти ќе ви кажат дека златото не оди со сребро, Французинките ...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
Омилените модни парчиња на Италијанките за топлите летни денови Долги лелеави фустани и облека од лен – што носат Италијанките во лето за да им ...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 застарени модели на накит и модни додатоци кои треба да ги замените со помодерни Заборавете на ремени и чанти со огромни логоа и букви на брендови, старинскиот з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg