8 модни тајни со кои Скандинавките изгледаат одлично дури и на ниски температури
Плетени џемпери
Секоја жена во Скандинавија во својот плакар има неколку плетени џемпери.
Тие џемперите ги комбинираат со кошула или со маичка под нив, понекогаш врзуваат и марама околу вратот.
Скандинавките обожаваат и плетени џемпери во риги.
Не одат никаде без зимски аксесоари
Плетени капчиња, шалови, ракавици – жените во Скандинавија имаат зимски аксесоари во различни бои и дезени и не излегуваат од дома без нив.
Највпечатливи се, сепак, шаловите, кои мора да бидат дебели за да им е топло, стилски и, најчесто не светла боја.
Обожаваат дебели елеци без ракави
Скандинавките често наместо јакна, носат елек без ракави, а го комбинираат со дебел џемпер.
Овој моден тренд последниве години станува многу популарен и на Балканот.
Избираат долги јакни
Помеѓу модерните јакни до струк и долгите јакни кои ги покриваат дури и колената, жените во скандинавските земји избираат јакни кои се долги. И дебели, за да ги заштитат од екстремниот студ.
Тие најчесто избираат модели кои се барем еден број поголеми од тој што го носат, за да можат под јакната да облечат и дебел волнен џемпер.
Преферираат светли и весели бои, наместо темни зимски нијанси.
A. J. | Црнобело