Можете да го комбинирате со сè - здолништето од Zara што ги освои срцата на инфлуенсерките (фото)
Во летната колекција на Zara можете да најдете навистина интересни парчиња, но изгледа ништо не се споредува со здолништето што ги освои сите инфлуенсерки.
Станува збор за едноставно парео, со интересен шлиц и должина до колената. Ова миди здолниште може да се комбинира со речиси сè, па не е ни чудно што им се допаѓа на толку многу девојки.
Здолништето лесно ќе го комбинирате со кошула и штикли, но моделот е одличен и за на плажа, во комбинација со костим за капење и сандали.
Иако изгледа дека најпопуларен е белиот модел, здолништето се продава и во црна боја.
Погледнете неколку одлични комбинации ова интересно здолниште:
Спирова С. | Црнобело