Зошто Chanel термосот за вода чини 320.000 денари?
За сите љубители на луксузот и високата мода, Chanel дизајнираше златно шише за вода, односно термос, во вредност од нешто над 320.000 денари. Воедно, е веќе распродаден низ светот.
Во настојувањето да се намали потрошувачката на пластиката за еднократна употреба, многу еколошко-свесни потрошувачи си набавуваат нешто поскапи термоси и шишиња.
Но, да платите повеќе од 5.000 евра за термос е лудост.
Зошто овој термос чини толку многу?
Покрај тоа што на него пишува Chanel, шишето е изработено од злато, додека футролата е од овча кожа и секако, рачката е препознатливото златно синџирче.
Chanel првпат продаде ваков сличен термос во 1994-та година, кој беше дизајниран во соработка со Клаудија Шифер и Карла Бруни.
М. Д. | Црнобело