5 типа ролки кои треба да ги избегнуваат жените по 40-тата година

Ролки во здодевни бои и полуролки едноставно не им прилегаат на дамите над 40 години и треба да ги заменат со поинакви модели...

5-tipa-rolki-koi-treba-da-gi-izbegnuvaat-zhenite-po-40-tata-godina-01.jpg

Ролките се совршен избор за студените зимски денови. Но, кога жените ќе наполнат 40 години, треба да внимаваат при изборот, бидејќи постојат 5 типа на ролки кои не се најсоодветни и треба да ги избегнуваат, според стилистите.

Па, ако имате над 40 години, и некоја ваква ролка во својот плакар, можеби време е да ја фрлите и да ја замените со некој поинаков модел.

Кои ролки треба да ги избегнуваат жените над 40 години?

Тенки синтетички ролки

Најважната работа кога купувате облека е квалитетот, а тоа не се синтетичките производи, во кои влегуваат и тенките синтетички ролки.

Освен што не ѝ дозволуваат на кожата да дише, тие ја оцртуваат секоја неправилност, вклучувајќи ги линиите од долната облека или „фалтите“ околу половината.

5-tipa-rolki-koi-treba-da-gi-izbegnuvaat-zhenite-po-40-tata-godina-02.jpg

Полуролка

Полуролката визуелно го крати вратот и ги нагласува линиите кои се појавуваат кај некои жени.

Овој ефект не е лош кај помладите девојки, но по 40-тата година е препорачливо да се избегнува.

Наместо тоа, изберете ролка која може да се поткрева и спушта, па зависно од должината на вратот да се постави совршено на него, а притоа да ги скрие сите недостатоци.

5-tipa-rolki-koi-treba-da-gi-izbegnuvaat-zhenite-po-40-tata-godina-03.jpg

Здодевни бои

Заборавете на здодевните бои како сива, темно маслинеста, темно кафеава, темно беж... Сите овие бои додаваат години.

Наместо тоа, купете ролка во зелена боја, портокалова, светло кафена, светло сина или светло сива, виолетова, црвена - весели бои кои подмладуваат.

5-tipa-rolki-koi-treba-da-gi-izbegnuvaat-zhenite-po-40-tata-godina-04.jpg

Ролки со широк „врат“

Ролките кои се широки околу вратот и паѓаат врз деколтето не делуваат ни малку привлечно.

Тие не се елегантни, ниту може да се комбинираат лесно, па затоа е препорачливо да се избегнуваат.

Ако сакате отворено деколте, тогаш изберете дебела блуза во V израз.

5-tipa-rolki-koi-treba-da-gi-izbegnuvaat-zhenite-po-40-tata-godina-05.jpg

Комплексна текстура

Џемперите и блузите со комплексна текстура, волуменозни плетенки, дебели „бранови“ или карнери на ракавите (кај рамото), делуваат непривлечно и додаваат килограми.

Затоа, изберете модели со поедноставна плетка, со некое копче како украс, на пример.

Ваквите модели се нежни, паѓаат лесно на телото и ја истакнуваат силуетата.

5-tipa-rolki-koi-treba-da-gi-izbegnuvaat-zhenite-po-40-tata-godina-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...
9 идеи за педикир што ќе бидат хит за лето 2024 Црвените нокти се сметаат за застарени, а вистински хит се животинските принтови...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg