Само на задникот имаат 20 слоја шминка: Работи кои моделите на Victoria's Secret мора да ги направат пред шоуто

Тие на пистата треба да создадат илузија на совршено тело, а пред појавувањето има строга селекција и макотрпна работа.

samo-na-zadnikot-imaat-20-sloja-shminka-raboti-koi-modelite-na-victorias-secret-mora-da-gi-napravat-pred-shouto-01.jpg

Кога ќе помислите на Victoria's Secret сигурно пред очи ви се прекрасните ангели, односно супермоделите кои се дел од ова спектакуларно шоу.

Кои се неофицијалните работи кои моделите треба да ги направат за да се појават на модното шоу:

Мора да покажат дека имаат силна работна етика и се шармантни

„Најуспешните модели се оние кои работат, се подготвуваат и не земаат ништо здраво за готово“, велат одговорните во оваа компанија.

Приоритет треба да биде кариерата, а не забавите, па така додека од некои модели гледаме фотографии од клубови и забави до раните утрински часови, Адриана Лима скокаше на јаже по 3 часа.

samo-na-zadnikot-imaat-20-sloja-shminka-raboti-koi-modelite-na-victorias-secret-mora-da-gi-napravat-pred-shouto-04.jpg

Откако се избрани, моделите минуваат седмици и седмици во теретаната

Вежбаат по 2 пати на ден во седмиците пред шоуто со лични тренери. Тренинзите се интензивни и си имаат поставено цели кои треба да ги постигнат.

Некои модел одат и на часови по балет за тонирање на нивните тела.

Инаку, моделите како Лима кои беа дел години и години од ова шоу не престануваат со тренинзите и по шоуто.

samo-na-zadnikot-imaat-20-sloja-shminka-raboti-koi-modelite-na-victorias-secret-mora-da-gi-napravat-pred-shouto-03.jpg

Долго пред шоуто моделите мора да бидат подготвени со тон шминка на себе

Минатата година 32 шминкери, 27 фризери и 11 девојки задолжени за маникир ги подготвуваат 55-те модели за гламурозното шоу.

Од додатоци во косата до спрејови за тенот, покрај шминкањето на секој од моделите има многу работа.

Мора да се креира илузија на совршено тело на модната писта. Луѓето не се свесни дека само на задниците моделите имаат 20 слоја шминка.

samo-na-zadnikot-imaat-20-sloja-shminka-raboti-koi-modelite-na-victorias-secret-mora-da-gi-napravat-pred-shouto-06.jpg

Не смеат да бидат срамежливи затоа што ги облекува тим од луѓе

Кога ја облекуваат долната облека околу нив има тим од луѓе, па тие не треба да се срамат од својата голотија.

Сепак, во таа соба се само тие луѓе специјализирани за тоа и не е дозволено да влегуваат фотографи. Има и женски чувари пред вратата додека тие го ставаат накитот, крилјата и сè друго.

samo-na-zadnikot-imaat-20-sloja-shminka-raboti-koi-modelite-na-victorias-secret-mora-da-gi-napravat-pred-shouto-07.jpg

За да продолжат да работат со брендот мора да докажат дека се добри со продажбата на Victoria's Secret

„Само моделите што ќе се покажат добро во продажба на парчиња од брендот ќе бидат унапредени и со нив ќе продолжи соработката“, велат одговорните од Victoria's Secret.

Ангелите се жени кои треба да им се допаднат на другите жени.

samo-na-zadnikot-imaat-20-sloja-shminka-raboti-koi-modelite-na-victorias-secret-mora-da-gi-napravat-pred-shouto-08.jpg

samo-na-zadnikot-imaat-20-sloja-shminka-raboti-koi-modelite-na-victorias-secret-mora-da-gi-napravat-pred-shouto-09.jpg

samo-na-zadnikot-imaat-20-sloja-shminka-raboti-koi-modelite-na-victorias-secret-mora-da-gi-napravat-pred-shouto-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Плетен џемпер - парче облека кое мора да го имате оваа есен 2024 (фото) Оваа есен ништо не е пошик од плетениот џемпер, без оглед дали ќе купите нов или...
Убавата велешанка Татјана (21) доминираше на ревија на светски бренд во Франција (видео) Нашата Татјана Јанушева - Тати (21), која веќе неколку години гради интерна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg