Адријана Лима за последен пат прошета по пистата како Victoria’s Secret ангел (фото)
Адријана Лима имаше емотивно збогување на пистата на шоуто на Vitoria’s Secret, каде за последен пат ги прошета ангелските крилја.
На 37 години Адријана Лима ја завршува кариерата како Victoria’s Secret модел.
За последен пат на пистата прошета сама, промени два аутфити и не ги криеше емоциите. Ова за неа беше 19-тото и воедно последно шоу.
Вчера на Инстаграм објави и видео од сите нејзини изгледи низ години, со кои се заблагодари за искуството.
Како што вели описот „благодарна е затоа што не ѝ биле само доделени крилја, туку и ја научиле како да лета.“
https://www.instagram.com/p/Bp73DwRhTtU/
ТУКА може да ги разгледате сите костими и модели кои се појавија на пистата.
А, ако изгледаше емотивното збогување на Лима:
М. Д. | Црнобело