Најновото Victoria's Secret шоу низ фотки и видеа
Вчера се снимаше спектакуларното Victoria’s Secret шоу кое секоја година со нетрпение го очекуваме, а овојпат се одржа во Њујорк.
Официјално, целото шоу ќе се емитува на 2-ри декември, а дотогаш имаме шанса да ѕирнеме како изгледале костимите на ангелите и останатите модели кои прошетаа на модната писта.
Од Бехати Прислу и Сара Сампајо, до Џиџи Хадид, Бела и Кендал Џенер – сите омилени модели учествуваа на шоуто, а Елса Хоск се издвои со овогодинешниот градник од фантазиите со Swarovski дијаманти.
Адријана Лима пак, ги растажи сите и изјави дека оваа година ја завршува кариерата како ангел на Victoria's Secret и емотивно се збогува на модната писта.
За музичкиот перформанс се погрижија Рита Ора, Шон Мендес, Chainsmokers и уште неколку изведувачи кои овозможија шоуто да биде спектакуларно.
https://twitter.com/MendesCrewInfo/status/1060655315719462913?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1060708159302455297&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.billboard.com%2Farticles%2Fnews%2F8484100%2Fvictorias-secret-fashion-show-2018-photos-shawn-mendes-halsey
Во галеријата погледнете како изгледаше Victoria’s Secret шоуто 2018:
М. М. | Црнобело