Како да препознаете кога градникот е веќе бескорисен, иако мислите дека изгледа добро?

Идеалниот градник треба добро да ги држи градите при секакви движења и да стои добро прицврстен за телото, без притоа да стега премногу.

kako-da-prepoznaete-koga-gradnikot-e-vekje-beskorisen-iako-mislite-deka-izgleda-dobro-01.jpg

Сите градници имаат рок на траење, независно колку скапо ќе ги платите и иако можеби сте приврзани за некои што ви стојат најдобро, можно е да се лажете.

По одреден период, градникот се шири или ја губи формата и ја нема веќе истата функција како претходно, иако вие мислите дека сè уште изгледа совршено на вас.

Животниот век на градникот зависи од големината која ќе ја одберете, бидејќи ако ја погрешите, ќе ви предизвикува непријатно чувство и набрзо ќе мора да се ослободите од него.

Неколку совети при купување градник:

  • Градникот мора добро да биде прицврстен за телото за да ја врши својата функција, а ако големината е правилно избрана, а од страните ви излегува вишок, тогаш треба да одберете модел со поширок појас.

kako-da-prepoznaete-koga-gradnikot-e-vekje-beskorisen-iako-mislite-deka-izgleda-dobro02.jpg

  • Колку се поголеми градите, толку треба да бидат пошироки прерамките и појасот.
  • Секогаш пробувајте три соседни броеви на градник, посебно кога купувате од нов бренд кој претходно не сте го користеле.
  • Облечете го градникот, спуштете ги прерамките и потскокнете. Ако градникот е добар за вашите гради, корпите треба да останат на место и да продолжат да ги држат градите.
  • Исправете го грбот, наведнете ги рамената и вдишете неколкупати длабоко. Ако се чувствувате подобро отколку свиткани, дишењето е полесно и прерамките останат на место, тогаш градникот ви одговара.

kako-da-prepoznaete-koga-gradnikot-e-vekje-beskorisen-iako-mislite-deka-izgleda-dobro03.jpg

Како да знаете кога е време да го замените?

Правило на два прста

Совршениот градник не треба да е целосно залепен и да го стега телото – под појасот, на долната хоризонтална лента треба да може да ставите два прста, а под затворачот – тупаница. Ако овие параметри се зголемени, значи дека градникот е раширен и треба да се замени.

kako-da-prepoznaete-koga-gradnikot-e-vekje-beskorisen-iako-mislite-deka-izgleda-dobro04.jpg

Закопчување

Градник кој ви одговара не треба да се закопчува на последните куки. Така материјалот се истегнува и нема долго да издржи. Ако со тек на време имате потреба да стигнете до последниот ред за закопчување, значи дека градникот веќе не ви ги држи градите цврсто и треба да го замените.

kako-da-prepoznaete-koga-gradnikot-e-vekje-beskorisen-iako-mislite-deka-izgleda-dobro-05.jpg

Движење нагоре

Добро одбран градник треба да стои цврсто и по неколку месеци користење. Ако не сте сигурни дали е уште функционален, наутро кога ќе го облечете кренете ги рацете нагоре. Ако при секое движење, и градникот се подмрднува, тоа е знак дека е време да се разделите.

kako-da-prepoznaete-koga-gradnikot-e-vekje-beskorisen-iako-mislite-deka-izgleda-dobro-06.jpg

Контура

Градникот кој одговара на градите, треба добро да ги покрива и да не остава празен простор над нив. Ако линијата почне да се познава преку било која маичка, значи дека градникот се раширил и е време да се замени.

kako-da-prepoznaete-koga-gradnikot-e-vekje-beskorisen-iako-mislite-deka-izgleda-dobro-07.jpg

Рок на траење

Рокот на траење на градникот зависи и од тоа колку често го носите. Идеално е да имате барем 4-5 градници кои ќе ги менувате на дневно ниво за да ви траат барем по една година.

kako-da-prepoznaete-koga-gradnikot-e-vekje-beskorisen-iako-mislite-deka-izgleda-dobro-08.jpg

Како да го продолжите животниот век на омилениот градник:

  • Пред перење, закопчајте го за да ја задржите формата.
  • Перете го на рака или на посебна програма рачно или нежно перење.
  • Не користете омекнувач бидејќи таквите производи премногу го омекнуваат материјалот и влакното.
  • Ако е неопходно да ја омекнете долната облека, неколку капки оцет во водата за перење ќе бидат доволни.
  • За градниците да имаат добар мирис, може да капнете неколку капки масло од јасмин при перењето.
  • Не ги сушете градниците под директна сончева светлина бидејќи таа ќе го уништи изгледот.
  • При складирање, не ги ставајте корпите една во друга за да избегнете деформација.

kako-da-prepoznaete-koga-gradnikot-e-vekje-beskorisen-iako-mislite-deka-izgleda-dobro09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...
Убавата велешанка Татјана (21) доминираше на ревија на светски бренд во Франција (видео) Нашата Татјана Јанушева - Тати (21), која веќе неколку години гради интерна...
5 модни совети од Роберто Кавали за мажи и жени + најпознатите цитати од него Славниот италијански дизајнер, Роберто Кавали, кој го воведе животинскиот принт ...
7 зимски парчиња од кои веќе не се срамиме и конечно ги носиме на екстремно студено време Рамни и топли чизми наместо високи потпетици и плетени ракавици кои нè топлат - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg