Nike Kyrie 4 - минималистички дизајн и врвни перформанси

Nike ја ласнира четвртата верзија на патиките за кошарка со потписот на Kyrie Irving.

nike-kyrie-4-minimalisticki-dizajn-i-vrvni-performansi-2-1.jpg

Новата верзија на веќе препознатливата патика за кошарка става акцент на дизајнот кој е развиен според стилот на играње на Kyrie Irving. За таа цел Nike спроведе опширни истражувања меѓу кои беше и анализирање на начинот на играње за време на натпреварите.

Истражувањата на играта на Irving беа спроведени лично од страна на познатиот дизајнер на Nike, Benjamin Nethongkome, како дел од неговиот ригорозен дизајнерски процес. Резултатот е патика со минималистички дизајн во црно бела боја со врвни перформанси.

nike-kyrie-4-minimalisticki-dizajn-i-vrvni-performansi-3.jpg

Еден од главните резултати на истражувањата е раздвојувањето на ѓонот со цел патиката да биде што е можно подобро прилагодена на брзите движења и експлозивните скокови на ѕвездата на Boston Celtics. Ова раздвојување дизајнерски е преточено во виолетова крива линија која освен што има практична функција е еден од главните дизајнерски мотиви на патиката.

Kyrie 4 е спој на минималистички дизајн и врвни перформанси преточени во совршената патика за кошарка која ќе ја унапреди Вашата игра и ќе им даде на знаење на Вашите противници кој ја води играта.

Nike Kyrie 4 патиките се достапни во Sport Vision продавницата во Skopje City Mall и online.

nike-kyrie-4-minimalisticki-dizajn-i-vrvni-performansi-2-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото) Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го ...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...
5 модни совети од Роберто Кавали за мажи и жени + најпознатите цитати од него Славниот италијански дизајнер, Роберто Кавали, кој го воведе животинскиот принт ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Делува вулгарно и непрофесионално - летна гардероба која не е добар избор за на работа Парчиња гардероба, кои се апсолутен хит во текот на летото, но никако не се пого...
9 идеи за педикир што ќе бидат хит за лето 2024 Црвените нокти се сметаат за застарени, а вистински хит се животинските принтови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg