Фенси летни обувки: Папучи со бисери (фото)
Папучите се еден од најжешките трендови актуелното лето, а посебно внимание предизвикуваат моделите со бисери и перли, кои сосема ги освоија срцата на трендсетерките ширум светот.
Во текот на сезоната на годишни одмори, папучите украсени со бисери може да ги искомбинирате на мноштво различни начини. Тие не се класични папучи, ниту пак едноставни апостолки, кои би ги носеле исклучиво на плажа.
На базен, езеро, море, или, пак, за секојдневните активности – папучите со бисери може да се обујат за секакви прилики, па дури и за вечерните излегувања.
Бисерите им даваат единствен карактер, а изгледаат прекрасно во комбинација со плисирани здолништа или фустани на преклоп. Убаво ќе стојат и во тандем со куси панталони и бермуди, при што доволно е во целокупниот изглед да додадете едноставна маица.
Доколку, пак, во прашање се вечерни излегувања, папучите со бисери може да ги искомпонирате со пругасти кошули. Притоа, изберете нијанси на сина боја, кои се навистина полн погодок.
Ваквиот модел на папучи најдобро прилега на кежуал стил на облекување, па наша препорака е да ги облечете со тексас шорцеви, обична маичка и наметка со ориентален вез. Зачинете го вашиот аутфит и со големи тркалезни очила за сонце, па ќе изгледате како вистинска ѕвезда, а покрај тоа, ќе се чувствувате многу пријатно и опуштено.
Папучите украсени со бисери ги има во понудата на повеќето брендови за висока улична мода. Достапни се во црна и бела варијанта, но и палета на живи бои, а со спој од крзно и бисери, или, пак, перли кои суптилно ги красат моделите од кожа.
За среќа, нивната цена не е висока, така што нема да потрошите цело богатство за да ги купите. А, дури и ако овој тренд не биде омилен во модниот свет идната година, тие секако ќе ви користат како удобни обувки.
М. А. | Црнобело