Според Pinterest: Која е најпопуларната летна чанта? (фото)
Омилена помеѓу трендсетерките, оваа чанта е забележана и во рацете на многубројни познати дами, од Кјара Ферањи до Емили Ратајковски.
Сламените чанти се вистински хит оваа сезона. Од песочните плажи до градските улици - ги има насекаде, а жените ширум светот масовно го прифатија трендот.
Оттука, не е изненадување што токму една ваква чанта е најпопуларната на Pinterest ова лето. Според социјалната платформа, чантата од слама „St Tropez“ на брендот Kayu, пинувана е повеќе од 13.000 пати, и е најомилената помеѓу трендсетерките.
Сламената чанта со занимливи помпон-топчиња и обложени дршки е мошне модерна, но и практична. Доволно е пространа за во неа да го спакувате својот пешкир за плажа, кремата за сончање, резервниот костим за капење, овошки и омилените романи.
Направена од природна морска трева, а се продава по цена од 125 долари.
Во продолжение, погледнете како најпопуларната летна чанта ја носат познатите светски модни блогерки:
М. А. | Црнобело