Пицакини: Првите бикини со вкус на пица, чинат дури 10.000 долари

Ви претставуваме една несекојдневно скапа пица, која веројатно не би посакале да ја изедете. А, да ја носите на себе на плажа?!

picakini-prvite-bikini-so-vkus-na-pica-chinat-duri-10000-dolari-1.jpg

Што се случува кога ќе направите микс од мода и гастрономија? Храна која се носи, или, пак, облека која се јаде.

Во чест на националниот Ден на бикините, ланецот ресторани „Villa Italian Kitchen“ ја претстави необичната креација „Pizza-Kini", дело на стилистката Џеси Барден. 

picakini-prvite-bikini-so-vkus-na-pica-chinat-duri-10000-dolari-2.jpg

За што точно станува збор?

Дводелниот костим за капење е во целост направен од пица. Креиран е од домашно тесто, кое е рачно плетено по целото тело, а прелиено со моцарела, доматен сос и кулен.

picakini-prvite-bikini-so-vkus-na-pica-chinat-duri-10000-dolari-3.jpg

Звучи, вкусно зар не? Но, дали е и носливо?

Џеси изработила преку 10-15 бикини, додека не успеала да создаде костим за капење од вистинска пица.

Ова е најтешкото нешто на кое некогаш сум работела, во смисла да тоа навистина функционира.“ – вели Барден и додава: „Најтешкиот дел е што тестото за пица не се протега на ист начин како ткаенината, па тешко беше да се прилагоди на телото, а да не се распадне.“

picakini-prvite-bikini-so-vkus-na-pica-chinat-duri-10000-dolari-4.png

Oва е модел на бикини што дефинитивно може да го носите“, уверува Барден. „Пица е, така што ќе мирисате и чувствувате како ова јадење, но веројатно и не е баш најудобен.“

Цeната на костимот за капење е 10.000 долари, а на веганите им е оставена опцијата  да си одберат „пицакини“ со посебни нарачки.

Би облекле ли нешто вакво на плажа?!

picakini-prvite-bikini-so-vkus-na-pica-chinat-duri-10000-dolari-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
32 идеи како да се дотерате за совршени Инстаграм фотки од плажа За да имате впечатлива фотка за Инстаграм од плажа (а да не сте во бикини), осве...
7 највпечатливи филмски костими за капење: Култни парчиња кои се модерни и денес Бонд девојки, спасувачки на плажа, Чарлиеви ангели... заедничко за сите нив е шт...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg