Чизмите кои Кејт Мидлтон ги носи повеќе од 12 години
Мислевте дека сте шворц, па затоа и оваа есен ќе мора да ја поминете со истите чизми од пред 2 сезони? Грешка. Сега и принцезите го прават истото.
Можеби не сите, но Кејт Мидлтон дефинитивно се однесува како просечна жена.
Покрај богатството кое и е на располагање благодарение на нејзината титула, сепак одбира да носи облека која е удобна пред сè.
Во случајов, за турнејата низ Канада одбра да ги облече чизмите кои ги има од 2004-та година.
Penelope Chilvers чизмите не се многу евтини, односно чинат околу 500 евра, но затоа траат повеќе од декада.
Кејт одбра да ги носи со темни Зара фармерки и краток крем мантил.
Во 2004-та уште еднаш се појави во нив на фестивал за трки на коњи, исто како и во април 2016-та, на прошетката со принцот Вилијам во Бутан.
М. Д. | Црнобело