9 модели кои никако не би ги испратиле во пензија
Многумина сметаат дека староста претставува некаква чудна казна која животот неминовно ја носи со себе. Но, тоа воопшто не е така!
Жените кои ќе ги видите на фотографиите подолу со доказ дека годините се навистина само бројка.
Тие имаат по повеќе од 70 години, работат како модели и воопшто не ја кријат нивната возраст. Целосно ги игнорираат стереотипите и ги живеат нивните животи со полн здив.
1. Лорен Хатон, 72 години
Таа има рекорден број фотосесии за „Vogue“ (26) и дури и на 72 години тврди дека жените треба да се гордеат со нивното тело без разлика на нивната возраст.
2. Жаклин Мурдок, 86 години
Работејќи во младоста како танчерка таа никогаш не ни помислувала дека ќе се најде на некоја насловна страница од модно списание. Но, соништата навистина се исполнуваат дури и ако за тоа треба да чекате 82 години, колку што имала таа кога била забележана од моден блогер кој ја поканил да се слика за неговата кампања.
3. Дафни Селф, 86 години
Почнувајќи ја својата кариера како модел на 20 години, таа морала да ја напушти заради своите деца и семејните обврски. Но, откако тие пораснале сфатила дека едноставно мора да ѝ се врати на кариерата и модните писти.
4. Бади Винкл, 86 години
Можеби најдобриот опис за самодовербата на оваа згодна бабичка се зборовите кои стојат во описот на нејзиниот Инстаграм профил: „Крадејќи ги вашите мажи од 1928 година...“.
5. Чина Мачадо, 86 години
Музата на Живанши, и после толку години не се откажува од својата кариера во светот на модата, иако на моменти се жали што мора да го посети Њујорк неколку пати неделно заради снимањата.
6. Валери Пан, 75 годни
Работејќи како модел во 60-тите, таа повторно се вратила на модните писти на 65 години и денес соработува со водечките модни компании во Лондон.
7. Кармен дел Орефиче, 85 години
Ова е и официјално жената со најдолга кариера во светот на модата, што е потврдено дури и од страна на Гинис.
8. Жит Ли, 81
Уште една жена која ја ставила кариерата во втор план заради мајчинството и семејството. Но, сепак нејзиното големо враќање, на 77 години, со кампањите за „Céline“ и италијанското издание на „Vogue“ беше доказ дека никогаш не сте престари за модната индустрија.
9. Џојс Карпати, 82 години
Од оперски пејач и уметнички директор на американскиот „Cosmopolitan“, оваа дама на крајот својата пасија ја пронаоѓа во светот на модата, тврдејќи дека нејзината тајна за совршен стил се крие во нејзината елеганција.
М. С. | Црнобело