Сите фустани со кои Блејк Лајвли нè освои на Кански (фото)
69-от Кански филмски фестивал како што е вообичаено, започна и заврши со стил и повеќето ѕвезди кои се појавија таму изгледаа совршено на црвениот тепих, но една дама посебно се истакна со модните комбинации.
Блејк Лајвли го предводеше гламурот на Кански во неколку совршени изданија.
Имавме можност да ја погледнеме во црвено издание за фотографирање пред премиерата на „Cafe Society“, а истиот ден и во златно издание за самата премиера која се одржа во палатата „des Festivals“.
На гала вечерата за отворањето на Кански се појави во впечатлив златен фустан на Versace, а на забавата по отворањето се префрли од прекрасниот светкав фустан во црн фустан како капут со пердуви.
На премиерата на филмот „Slack Bay (Ma Loute)“ пристигна како вистинска принцеза би рекле многумина, поточно како Пепелашка во фустан на Vivienne Westwood.
На премиерата на филмот „The BFG“ уште еднаш се појави во фустан на Versace, но во прекрасен син фустан од кој се гледаше трудничкото стомаче.
На вечерата за Vanity Fair и Chanel во ресторанот Тетоу беше неверојатна во цветна комбинација, секако од Chanel.
За фотографирањето пред премиерата на „The Shallows“ беше неверојатна во бела комбинација со совршени црно-бели потпетици.
Да ги погледнеме сите најдобри изданија од Кански на Блејк Лајвли:
Н. Г. | Црнобело