Оваа пролет бисерите се носат насекаде: На фармерки, очила, чанта...
Бисерите се класични, софистицирани и вечно модерни. Од Miu Miu до Dries Van Noten и Gucci, сите се опседнати со чевли со нежно нанижани бисери, особено на потпетицата.
Освен впечатливите чевли кои ги преплавија есенските ревии, голем број од ѕвездите на уличната мода започнаа да носат минималистички обетки и чанти, каде бисерите беа суптилно сокриени.
Можеби станува збор за вечната модна опсесија со минималистички накит, но се чувствуваме Подготвени да го прифатиме овој класичен тренд.
Совет плус: Најдобрата нова верзија на бисерите се или огромните неочекувани аксесоари или навистина малечки парчиња кои потешко се забележуваат.
Еве ви малку инспирација:
С. С. | Црнобело