Моден двобој на Антониа Гиговска и Јелена Карлеуша - на која ѝ стои подобро?

Најмодерните кожени панталони за оваа есен, кои им стојат совршено на жените со тенок струк, ги облекоа и Антониа Гиговска и Јелена Карлеуша. На која ѝ стојат подобро? 

antonia-gigovska-ili-jelena-karleusha-na-koja-i-stoi-podobro-01.jpg

Црните кожени панталони со отсечоци кои потсетуваат на долна облека се едни од најмодерните модни парчиња оваа есен.

Сличен модел на панталони неодамна избраа нашата Антониа Гиговска и балканската ѕвезда Јелена Карлеуша, која деновиве е во Скопје.

Антониа ги носеше овие панталони на нејзиниот настап во Штип, каде што пееше во познат ноќен клуб во градот.

Во свој стил, ги комбинираше со сив градник и кожена јакна.

moden-dvoboj-na-antonia-gigovska-i-jelena-karleusha-na-koja-i-stoi-podobro-05.jpg

Слична комбинација носеше и Јелена, која синоќа (09.10) гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров.

Таа панталоните, исто така ги комбинираше со градник и кожена јакна и високи црни чизми.

Претходно, Антониа на настап носеше исти вакви панталони, но во крем боја.

Што мислите, на која ѝ стои подобро?

moden-dvoboj-na-antonia-gigovska-i-jelena-karleusha-na-koja-i-stoi-podobro-02.jpg

moden-dvoboj-na-antonia-gigovska-i-jelena-karleusha-na-koja-i-stoi-podobro-04.jpg

moden-dvoboj-na-antonia-gigovska-i-jelena-karleusha-na-koja-i-stoi-podobro-03_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело/ фото: Инстаграм Стори

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
Пет модели на панталони кои треба да ги имате оваа пролет Наместо фустан решете се за некој од овие пет модели на панталони доколку сакате...
5 модели на панталони што ќе бидат хит оваа зима + предлог комбинации (фото) Елегантни панталони со риги кои можете да ги носите и со џемпери, како и пантало...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg