Средете го плакарот: 5 парчиња кои веќе не припаѓаат во него
Плакарот не е музеј во кој можете да чувате сѐ и сешто. Тргнете во средување на плакарот и ослободете се од непотребните парчиња.
А, еве кои треба да бидат први:
1. Џемпери кои ве пецкаат
Можеби ве топлат и убаво ви стојат, но се направени од ангора или некој друг материјал кој ја иритира вашата кожа. Бидете искрени – носењето на овој џемпер предизвикува неудобност дури и кога под него ќе облечете памучна маичка. Тогаш зошто воопшто го чувате?!
2. Премногу тесна облека
Панталоните од средно кои би сакале повторно да ги облечете и да докажете дека сѐ уште сте витки не е само ваш сон – тоа е сон на секоја жена. Меѓутоа, доколку продолжите да собирате облека од гимназиските денови, веројатно нема да имате место за нова и модерна облека. Ако парчето не сте го облекле повеќе од година дена, тогаш веројатно и не ви треба. Подарете го некому или донирајте го во хуманитарни цели.
3. Стариот костум за на работа
Некогаш сте биле најголемата заводничка на работното место, но денес, кројот и типот одамна излегол од мода, а ткаенината се излижала од непрестајното перење и на хемиско чистење. Така што, неговото место е во кантата за ѓубре.
4. Градници на кои им излегла жицата
Ако морате рачно да ја прилагодувате локацијата на жицата во омилениот градник, тогаш тоа е и службен доказ дека имате старо парче долна облека и дека неговиот рок на траење изминал. Наместо тоа, купете си ново парче долна облека кое ќе ви пружи совршена потпора и не морате да се грижите дека ќе се повредите.
5. Парче кое знаете дека никогаш повеќе нема да го облечете
Под силните светла во продавницата изгледавте одлично во тој елек од крзно или отмен шешир по примерот на Кејт Мидлтон, но кога стигнавте дома сфативте дека станувало збор за брзоплет шопинг. Нема смисла да ги чувате работите кои никогаш нема да ги облечете. Подобро подарете ги на пријателите или на некоја хуманитарна организација.
С. С. | Црнобело