Елеганција и боемство: Првиот ден од Модниот Викенд во Скопје

13-тиот Моден Викенд и официјално беше отворен вчера под мотото „Да живеат 80-тите!“ . Елеганција, префинетост, боем и уметнички дела се само неколку од епитетите кои совршено ја опишуваат првата вечер од FWSK.

elegancija-i-boemstvo-prviot-den-od-modniot-vikend-01.jpg

Своите колекции за претстојните пролет/лето 2016/17 ги претставија добро познатите Росица Мршиќ, Олгица Ѓоргиева и ателјето „Алшар“ односно Силвана Михајловска.

Според овие 3 дизајнерки, црната, белата и црвената боја ќе бидат најзастапени оваа сезона, од материјалите памукот – како еден од најпријатните летни материјали во кој кожата може слободно да дише, надополнет со парчиња изработени од свила, кулотите ќе бидат особено хит на сезоната, а голиот грб ќе биде задолжителен на секој фустан и блуза.

 

Росица Мршиќ

Кратка, но богата и инспиративна, ревијата на Росица Мршиќ е приказна за себе. Кога би можеле да ја опишеме целата колекција со два збора тогаш тие би биле „префинета елеганција“. 

Како елен кој плени со својата убавина, а сепак крие од погледите на јавноста, визијата на Мршиќ е моќна, но со елементи на нежност и изразен феминизам.

Минималистички парчиња од лелеави материјали, чисти силуети со строги кроеви и изрези на грбот – ова се неколку карактеристики од парчињата за сезоната која следи. 

rosica_mrsic_01.jpg

rosica_mrsic_02.jpg

rosica_mrsic_03.jpg

rosica_mrsic_04.jpg

 

Олгица Ѓоргиева

Црвената боја надополнета со богат принт е првото нешто што се забележува кај Олгица Ѓорѓиева. На моменти потсетувајќи на Медитеранот поточно на Франција и Италија, секое парче само од себе асоцира на лето и на топла клима.

Весела и разиграна, по малку можеби и боемска, жената на Олгица Ѓоргиева ужива во животот. Дневните фустани за прошетка, бомбер јакната и кулотите се совршен пример за тоа како би требало да изгледате средено, но сепак лежерно.

Освен црвената, исто така доминира и белата, а се појавува и богата смарагдна боја. Од материјалите жоржетот и памукот се најзастапени.

olgica_gjorgieva_01.jpg

olgica_gjorgieva_02.jpg

olgica_gjorgieva_03.jpg

olgica_gjorgieva_04.jpg

 

Силвија Михајловска – ателје Алшар

Насловена како „Sakura infusion“ колекцијата на Силвана Михајловска изобилуваше со детали од јапонската култура, а дури и манекенките наликуваа на гејши.

Освен јапонската, може да се рече дека постоеја и елементи од шпанската фламенко танчарка, поточно од нејзиниот фустан. Со единствена разлика што, овде наборите се во горниот дел на телото.

Третиот дел од ревијата вклучуваше парчиња кои наликуваа на уметнички дела од Џексон Полок надополнети со разни ремени поставени дијагонално, или масивни црни копчиња кои му даваат шарм на секое нејзино парче.

silvija_mihajlovska_01.jpg

silvija_mihajlovska_02.jpg

silvija_mihajlovska_03.jpg

silvija_mihajlovska_04.jpg

Софија Сионова | Црнобело

Фото: Ани и Дими

Би можело да ве интересира:

Модата на првата вечер од Скопски моден фестивал 2024: Што облекоа посетителите? (фото) Сергеј и Давид Мукка беа момците кои привлекоа најмногу внимание со храбриот сти...
8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...
Модата на втората вечер на Shtip Fashion Days 2024: Што облекоа посетителите? (фото) Манекенката Илариа Кирилов избра златен корсет со црни панталони, а музичарот и ...
Парчиња облека кои нема потреба да ги носите на одмор – само ќе ви зафаќаат место во куферот Сигурно нема да помислите да облечете тесни фармерки на 35 степени Целзиусови, п...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...
5 модели на фустани во кои ќе изгледате послабо - погодни се за дневни и вечерни излегувања Со овие фустани визуелно ќе изгледате повисоки и послаби во струкот, а може одго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg