Парчиња облека кои нема потреба да ги носите на одмор – само ќе ви зафаќаат место во куферот

Сигурно нема да помислите да облечете тесни фармерки на 35 степени Целзиусови, па нема потреба да ги носите на одмор.

parchinja-obleka-koi-nema-potreba-da-gi-nosite-na-odmor-samo-kje-vi-zafakjaat-mesto-vo-kuferot-01.jpg

Кога се пакуваме за летен одмор, и општо за патување, треба однапред да ги испланираме комбинациите, а притоа треба и да имаме предвид колку простор ќе ни зафати облеката.

Но, нешто што дома ви изгледало убаво, не значи дека ќе го облечете и на одмор.

Обично ова се парчиња за кои не сме помислиле дека ќе ни бидат непријатни на многу високи температури.

Парчиња облека кои само ќе ви зафаќаат место во куферот на летниот одмор:

Долна облека од тантела

Синтетичките материјали не ѝ дозволуваат на кожата да „дише“, па најдобро е да ги избегнувате во текот на целото лето, не само на одмор.

Неретко, долната облека од тантела со поприфатлива цена е со синтетички материјали, па не е најдобар избор за патувања, кога голем дел од времето минувате надвор.

parchinja-obleka-koi-nema-potreba-da-gi-nosite-na-odmor-samo-kje-vi-zafakjaat-mesto-vo-kuferot-02.jpg

Градник со потполнки

На одмор најдобро е да понесете памучни градници без корпи и потполнки бидејќи овие градници, нормално, се подебели и ќе ве потат повеќе.

А, ако ги носите подолго и сте испотени, можете и да ја иритирате кожата.

parchinja-obleka-koi-nema-potreba-da-gi-nosite-na-odmor-samo-kje-vi-zafakjaat-mesto-vo-kuferot-03.jpg

Тренди влечки

Влечките се практични за на плажа, но многу е важен материјалот.

Освен ако не се пластични или од некој сличен материјал, доколку ги намокрите, во влечките може да почнат да се размножуваат бактерии и да се создаде мувла.

Па, за да не носите неколку пара влечки, најдобро понесете модел кој можете да го носите и на плажа.

parchinja-obleka-koi-nema-potreba-da-gi-nosite-na-odmor-samo-kje-vi-zafakjaat-mesto-vo-kuferot-04.jpg

Тесни фармерки

Сигурно нема да ги облечете тесните фармерки кога температурата надвор е над 30 степени Целзиусови.

Кога сте на одмор, дајте им предност на здолништа и пошироки панталони од лесни материјали.

parchinja-obleka-koi-nema-potreba-da-gi-nosite-na-odmor-samo-kje-vi-zafakjaat-mesto-vo-kuferot-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
6 парчиња облека кои треба да ги носите на одмор за да ги „украдете“ сите погледи Ако сте од оние кои на одмор сакаат да бидат средени и дотерани, но не знаете шт...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Летни модни трикови со кои ќе изгледате совршено, без разлика каков тип тело имате Не избегнувајте темни бои и немојте да носите многу тесни и кратки здолништа. ...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg