Парчиња облека кои нема потреба да ги носите на одмор – само ќе ви зафаќаат место во куферот

Блузони

Нормално, дури и ако е лето, препорачливо е да понесете нешто на долги ракави, во случај навечер да биде постудено.

Сепак, подобро спакувајте некој тенок кардиган или нешто слично наместо голем блузон кој ќе ви зафаќа многу место, а мала е веројатноста да го облечете.

parchinja-obleka-koi-nema-potreba-da-gi-nosite-na-odmor-samo-kje-vi-zafakjaat-mesto-vo-kuferot-06.jpg

Свечени фустани за излегување

Освен ако не планирате да одите на некоја свеченост, избегнувајте да пакувате многу свечена облека.

Колку и да мислите дека ќе сакате да го облечете раскошниот фустан, кога ќе ви биде жешко, поверојатно е дека ќе се одлучите за нешто поедноставно и полесно.

Понесете елегантни фустани, но избегнувајте многу комплицирани модели кои не се практични.

parchinja-obleka-koi-nema-potreba-da-gi-nosite-na-odmor-samo-kje-vi-zafakjaat-mesto-vo-kuferot-10.jpg

Многу долги панталони

Долгите панталони изгледаат одлично, но избегнувајте ги многу долгите модели.

Сигурно нема да ги носите на плажа бидејќи од песокот и водата постои ризик да ги оштетите ногавиците.

Истовремено, не се најпрактични за долги прошетки бидејќи може да ги згазнете и ќе треба постојано да ги држите ногавиците во рака.

parchinja-obleka-koi-nema-potreba-da-gi-nosite-na-odmor-samo-kje-vi-zafakjaat-mesto-vo-kuferot-07.jpg

Чорапи од синтетички материјали

На одмор понесете чорапи од природни материјали, како памук, па дури и тенки волнени чорапи.

Синтетичките материјали ќе ја задржат потта во стапалата и освен непријатниот мирис, во лето можат да предизвикаат појава на иритација и габични инфекции.

parchinja-obleka-koi-nema-potreba-da-gi-nosite-na-odmor-samo-kje-vi-zafakjaat-mesto-vo-kuferot-08.jpg

Тесни здолништа

Здолништата се одлични за во лето, но на одмор не си зафаќајте простор во куферот со тесни модели.

Во нив ќе ви биде жешко и веројатно нема ни да ги облечете.

parchinja-obleka-koi-nema-potreba-da-gi-nosite-na-odmor-samo-kje-vi-zafakjaat-mesto-vo-kuferot-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
6 парчиња облека кои треба да ги носите на одмор за да ги „украдете“ сите погледи Ако сте од оние кои на одмор сакаат да бидат средени и дотерани, но не знаете шт...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Летни модни трикови со кои ќе изгледате совршено, без разлика каков тип тело имате Не избегнувајте темни бои и немојте да носите многу тесни и кратки здолништа. ...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg