Модата на првата вечер од Скопски моден фестивал 2024: Што облекоа посетителите? (фото)
Сергеј и Давид Мукка беа момците кои привлекоа најмногу внимание со изгледот, Моника Црнокрак елегантна со розови детали, а светски изгледаа и Иларија Кирилов, Ксенија Деспотоска и Стефанија Кржеска.
Црно-бел дрес код беше задолжителен за присутните на првата вечер на Скопскиот моден фестивал. Би рекле дека 90% од посетителите го испочитуваа и апсолутно се вклопија во идејата на организаторите.
Не изостанаа и впечатливите модни додатоци – елегантни шапки, чанти и блескав накит.
Вчера (03.04.2024) се одржа отворањето на Skopje Fashion Festival (Скопски моден фестивал) кој годинава ќе трае до 06.04.2024, а се одржува на приземјето во Diamond Mall.
Брилијантната Ивана Кнез со својата јубилејна ревија ги освои срцата на сите посетители. Ревијата беше навистина светска, а дизајнерката никогаш не разочарува со своите храбри модели.
Вечерта ја заокружи уметничкиот настап на Бојан Ковски.
Од класични аутфити до храбри детали, гостите оставија впечаток со разни модни изданија.
Посетителите на првата вечер на Скопски моден фестивал низ објективот на CRNOBELO.com:
Моника Црнокрак
Илариа Кирилов, Ксенија Деспотоска и Стефанија Кржеска
Стефанија Насеска Попадинец и Маја Ацески
Миро и Ивана Кацаров
Бед Стеф
Сергеј Варошлија и Давид Мукка
Повеќе фотографии од посетителите на следната страница...
Би можело да ве интересира:





