Новиот ангел на Victoria’s Secret е повеќе од згодна девојка - Зачната е преку вештачко оплодување и растена е со геј родители

Џозефин Скривер има 23 години и е најновата манекенка која ќе ги понесе крилјата на Victoria’s Secret и со тоа ќе го добие статусот на „ангел.“

noviot-angel-na-victorias-secret-e-poveke-od-zgodna-devojka-zacnata-e-preku-vestacko-oploduvanje-i-rastena-so-gej-roditeli-01.jpg

Досега имала 3 појавување на ревиите на овој бренд, по што следувала возбудливата вест.

„Кога дознав не можев да престанам да скокам од среќа. Тоа беше остварување на сонот. Работев напорно и фактот што конечно се случи, ми изгледа нереално.“

Скривер за првпат се појави на ревијата на Victoria’s Secret во 2013-та и набрзо потоа си го пронајде патот до модните кампањи и каталози за долна облека.

Но, Џозефин е многу повеќе од само згодна девојка и убаво лице.

Таа е зачната преку вештачко оплодување и е израсната од двајца геј родители, татко кој има друг партнер и мајка која има партнерка. Има и помлад брат Оливер со кој имаат исти биолошки родители и тој е зачнат на ист начин.

Џозефин била откриена во Њујорк кога имала само 15 години. Тогаш и биле понудени меѓународни договори, меѓутоа ги одбила затоа што сметала дека е премлада и треба да се дообразува.

Сега откако влезе во светот на модата и шоубизнисот, својата популарност ја користи како активист за правата на ЛГБТ заедницата. Отворено зборува за своето растење со двајца геј родители.

noviot-angel-na-victorias-secret-e-poveke-od-zgodna-devojka-zacnata-e-preku-vestacko-oploduvanje-i-rastena-so-gej-roditeli-02.jpg

„Јас сум човечко суштество. Имам капацитет да сакам и да бидам сакана. Чувствувам емпатија. Имам ум кој ми овозможува да формирам мислења. Јас ги формирам моите мисли. Патам. Чувствувам радост. Чувствувам благодарност. Ќерка сум на двајца прекрасни родители, кои се геј. Сестра сум на исто човечко суштество како мене. Имам пријатели. Истовремено сум и љубовник. Јас сум многу работи, но не сум вештачка. Не постои вештачко суштество. За мене, семејството е група на луѓе кои ги врзува љубовта. Моите родители имале желба да ме донесат на овој свет и затоа се впуштиле во тој процес. Дали моите мајка и татко не заслужуваат радост затоа што се геј? Зошто треба да им е скратена топлината на родителството? Зошто не им е дозволено основното човеково право - да создадат љубов?“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трикови за деновите кога не знаете што да носите Ако наутро или пред вечерно излегување се чувствувате мрзеливо, тогаш ...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...
Венчаници што ѕвездите го носеа на филм vs. на својата свадба Колку се разликуваат венчаниците што ги носат ѕвездите во филмовите, наспроти он...
32 идеи како да се дотерате за совршени Инстаграм фотки од плажа За да имате впечатлива фотка за Инстаграм од плажа (а да не сте во бикини), осве...
Алмедина Исмајли - македонска новинарка со впечатлив стил (фото) Од елегантни фустани до спортски комбинации и многу корсети - македонската новин...
Модата „се враќа“ – Аутфити инспирирани од раните 2000-ти (фото) Минијатурни маички со принтови, впечатливи очила во дречливи бои, панталони со м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg