5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата

Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат во мода до крајот на зимата?

5-tipa-obuvki-koi-kje-bidat-vo-trend-do-krajot-na-zimata-01.jpg

Стилистите велат дека 2024-та година ќе биде во знакот на удобноста, барем кога се обувките во прашање.

Тие препорачуваат пет различни типа обувки, кои изгледаат привлечно и тренди, а сепак се удобни.

Какви обувки да изберете пред крајот на зимата?

Обувки до (или малку над глуждот) со текстура

Иако можеби некој од овие модели нема да ви се допадне на прва, впечатокот ќе ви се смени кога ќе ги облечете на нозете.

Во 2024 ќе доминираат модели со дебела гума, груба кожа и мек велур, со патент или ластик, по ваш вкус.

5-tipa-obuvki-koi-kje-bidat-vo-trend-do-krajot-na-zimata-02.jpg

Обувки на платформа

Обувките на платформа ќе бидат модерни и до крајот на зимата, но и напролет.

Не постои специфичен модел кој ќе биде во тренд, сè додека чизмите или чевлите што ги носите се на платформа.

Ова придонесува и за удобноста на обувките, бидејќи платформата ѝ дава поубав пад на ногата, а и во нив се оди полесно отколку на тенки штикли или на обувки со тенок ѓон.

5-tipa-obuvki-koi-kje-bidat-vo-trend-do-krajot-na-zimata-03.jpg

Чизми со „пресечен врв“

Оваа сезона во мода се два типа на чизми, а едните од нив се чизми со „пресечен“ врв во вид на коцка.

Мислењата за овој модел се поделени - едни велат дека се ултра модерни, за други ваквите чизми делуваат смешно.

Но, стилистите тврдат дека овој тип на обувки ќе биде хит до крајот на сезоната - во прилог им оди и удобноста.

5-tipa-obuvki-koi-kje-bidat-vo-trend-do-krajot-na-zimata-04.jpg

Чизми со шпиц

Вториот тип модерни чизми се оние со шпиц.

Иако се помалку удобни од оние со „пресечен врв“, сепак се меѓу најмодерните обувки за оваа сезона.

5-tipa-obuvki-koi-kje-bidat-vo-trend-do-krajot-na-zimata-05.jpg

Патики го гломазна платформа

Патиките со гломазна платформа не само што ќе бидат популарни до крајот на зимата, туку ќе продолжат да се носат и напролет.

Каков модел и да изберете, нема да згрешите.

5-tipa-obuvki-koi-kje-bidat-vo-trend-do-krajot-na-zimata-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Модата на посетителите на „Мажи на годината 2024“ - Која дама модно издоминира? Меѓу присутните се истакна Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, но и д...
7 тренди парчиња со кои оваа есен ќе изгледате како парижанка Елегантен фустан што ја следи линијата на телото, панталони со висок струк - кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg