10 модни трикови за деновите кога не знаете што да носите

Ако наутро или пред вечерно излегување се чувствувате мрзеливо, тогаш обидете се да се придржувате до една боја. Облекувањето во една боја „од глава до пети“ е лесно, а просторот за грешка е минимален.

10-trikovi-so-oblekata-so-chijashto-pomosh-sekogash-kje-izgledate-moderno-i-stilski-01.jpg

Има денови кога се будиме свежи и полни со енергија да го започнеме денот. Притоа, со задоволство избираме облека и сакаме да го покажеме нашиот личен стил.

Но, има и такви денови кога станувањето од кревет е тешко, а сè што можеме е да избереме пар панталони и блуза…

Ако почесто влегувате во втората категорија личности, тогаш сигурно ви е тешко да постигнете стилски впечатлив изглед. Но, според експертите, тоа не треба да биде толку комплицирано, зашто тие имаат неколку клучни совети за „мрзливите девојки“.

10 совети кои ќе ви дадат инспирација како да ја комбинирате облеката кога немате ниту енергија, ниту инспирација.

Монохроматски изглед

Ако наутро или пред вечерно излегување се чувствувате мрзеливо, тогаш обидете се да се придржувате до една боја. Облекувањето еднобојно „од глава до пети“ е лесно, а просторот за грешки е многу мал.

Ако се одлучите за ваква комбинација на облека, користете модни додатоци, како марама околу вратот, обетки и слично.

10-trikovi-so-oblekata-so-chijashto-pomosh-sekogash-kje-izgledate-moderno-i-stilski-02.jpg

Изберете палета на бои

Ако поголем дел од времето сте мрзеливи при изборот на облека во утринските часови, тогаш за да си олеснете, препорачливо е да имате 80% од облеката во специфичен опсег на бои. На пример: црно, бело и сиво, или кафеава, крем или бела боја.

Исто така, обидете се да комбинирате само три бои: две неутрални и една боја на која ќе ѝ дадете акцент. Изберете една темна неутрална, една светла неутрална и една повпечатлива.

10-trikovi-so-oblekata-so-chijashto-pomosh-sekogash-kje-izgledate-moderno-i-stilski-03.jpg

Погрижете се да имате квалитетна облека

Ова ќе бара малку планирање, но кога веќе ќе ги имате парчињата облека, понатаму ќе ви биде полесно.

Одвојте време (и пари) да инвестирате во квалитетни парчиња облека, па ќе видите дека многу полесно ќе ги комбинирате.

Основната облека нека ви биде квалитетна, па можете да си дозволете да бидете и мрзеливи.

10-trikovi-so-oblekata-so-chijashto-pomosh-sekogash-kje-izgledate-moderno-i-stilski-04.jpg

Чевли во боја на кожа

За добар изглед кој не бара многу труд, препорачливо е да имате пар чевли во боја на кожа. Тие се модерни и одговараат речиси со сè. Имајте неколку рамни чевли, потпетици или мокасини.

Чувајте ги напред во плакарот така што секогаш ќе ви бидат на дофат во „мрзливите денови“.

10-trikovi-so-oblekata-so-chijashto-pomosh-sekogash-kje-izgledate-moderno-i-stilski-05.jpg

Едноделна облека

Што може да биде поедноставно од тоа наутро да треба да изберете само еден дел облека? Кога имате една сигурна опција, може да изгледате модерно дури и ако се чувствувате мрзеливо.

Пополнете го вашиот плакар со фустани во различни стилови, дезени и принтови, а истото може да го направите и со комбинезоните.

10-trikovi-so-oblekata-so-chijashto-pomosh-sekogash-kje-izgledate-moderno-i-stilski-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg