10 модни трикови за деновите кога не знаете што да носите
Комплети и костими
Без разлика дали ги сакате или мразите, мора да признаете дека комплетите не бараат многу подготовка или размислување.
Од блузи со здолништа, до панталони со кошула, пронајдете ги оние што одговараат на вашиот стил, возраст и вкус.
Организирајте си го плакарот
Ако плакарот ви е подреден на тој начин што ќе ви овозможи лесно да го земете она парче облека што го сакате, тоа исто така ќе ви помогне за да направите брзи, но ефективни модни избори.
Ако е неорганизиран, тогаш време е да му дадете освежување. Подредете ги парчињата облека според категорија – сите панталони заедно, сите здолништа заедно...
Поседувајте помалку, но подобри парчиња облека
Секогаш подобро е да поседувате помалку, но квалитетна и убава облека. Така ќе изгледате впечатливо, а ќе го намалите времето за одлучување наутро.
Создајте свој впечатлив изглед
Создајте свој препознатлив изглед кој го сакате и на кој ќе можете да се вратите одново и одново. Одберете нешто и дајте му акцент, бидете доследни на тоа и другите ќе ве препознаваат.
Дозволете си „мрзелив“ изглед
Во минатото, мрзливиот изглед честопати вклучуваше стандардни спортски панталони, дуксери, хеланки...
Сега, брендовите се стремат кон изнаоѓање модерни и функционални начини за мрзливата облека да изгледа стилски и удобно.
Соодветните комплети кои ќе ви одговараат со салонки или дуксери денес сè повеќе се популарни, а вие лесно ќе го одберете вашиот стајлинг, без притоа да трошите многу време и енергија.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com