5 парчиња облека кои не би требало да ги носите на празничните ручеци
Празниците се одлично време да го покажете вкусот и стилот кој го негувате, но неопходно е да се воздржите од провокативни комбинации.
Ова се 5 крајности кои никако не смеете да ги ставите на себе за семејните, пријателски или деловни собири за време на празниците:
1. Предлабоко деколте
Маичките и фустаните со длабоко деколте се добри за журка, не за семејни дружења. Имајте на ум дека со предизвикувачката облека привлекувате посебно внимание, па лесно може да станете мета на коментари.
2. Предизвикувачки здолништа
Воздржете се од здолништата со висок шлиц кој би можел да открие повеќе од потребното. Ако веќе носите здолниште, комбинирајте го со дебели и дезенирани хулахопки, наместо со голи нозе.
3. Гол стомак
Иако надвор не е како да е зима, тоа не е причина да претерате со разголувањето. Омилената пресечена маичка оставете ја за потоплите денови кога нема да славите со семејството или колегите.
4. Чевли со екстремно висока потпетица
Со нив не е лесно да одите по модна писта, а не пак по плочките во кујна. Избегнете ги можните падови и поштедете си ги нозете од непотребни болки.
5. Тренерки
Дури и да пречекувате гости и да не излегувате од дома, заборавете на тренерките. Можете да се потрудите барем малку. Удобните топли џемпер се секогаш подобра алтернатива.