Македонки со стил: 6 модели на чевли со кои може да ги комбинирате фармерките
Носете ги со рамни и стилски влечки како Каролина Гочева, со флуресцентни штикли како Антониа Гиговска или со сандали на штикла како Тамара Тодевска - 6 модели на чевли со кои фармерките стојат добро.
Фармерките се основата на гардеробата на повеќето од нас.
Може да се стилизираат на многу начини во зависност од сезоната, пригодата и расположението.
Без разлика што носите, чевлите можат веднаш да го променат вашиот стил, носејќи ве од дневна во ноќна комбинација за неколку секунди.
Погледнете како познатите Македонки прават едноставни, но ефективни комбинации на фармерки со чевли:
Патики
Патиките изгледаат кул со фармерки со рамен крој, додека класиците како што се старките, подобро стојат со кратки или тесни модели.
Високи потпетици
Високите потпетици добро се вклопуваат со ѕвонасти модели на фармерки или фармерки со рамен крој.
Чизми
Фармерките што завршуваат над глуждот се одличен избор за комбинирање со кратки чизми.
Сандали
Џинсот е одличен избор за вечерните излегувања особено кога е комбиниран со сандали на штикла.
Влечки
Влечките со уникатен дизајн, искомбинирани со фармерки се добар избор за летните долги прошетки.
Рамни чвели
Раните чевли, како мокасинки или оксфордки даваат елегантна нота на комбинацијата со фармерки. Слободно може да ги искомбинирате и со чорапи.
С. Ш. | Црнобело