10 новогодишни предлози: Што да облечете за претстојните празници?
Одбројувањето до 2016 започна и масовната хистерија кај девојките околу облеката за оваа ноќ започна.
Без разлика дали станува збор за гламур или за едноставното црно фустанче, успеавме да пронајдеме по нешто за секого:
1. Кежуал и гламур
Овој изглед е совршен за скоро сите прилики. Одберете едноставна маичка во комбинација со светкаво здолниште и впечатливи високи потпетици. За да ги зачините работите, додадете ситни црвени детали и подготвени сте!
2. Топло, а сепак свечено
Една од првите асоцијации за Нова Година се светкавите парчиња, а што е подобра идеја од светкави хеланки?! Комбинирајте со едноставен џемпер и сако за максимален новогодишен погодок.
3. Едноставно, а шик
Ако не сте љубител на светкавата облека, тогаш секогаш можете да го одберете малото црно фустанче. Во комбинација со црвени лакирани чевли и чантичка за полн ефект.
4. Необично
Никогаш не би помислиле дека можете да се извлечете носејќи фармерки? Помислете уште еднаш. Црните фармерки во комбинација со интересни штикли, блуза со пердуви и еклектична моторџиска јакна можат да направат да изгледате совршено. Не се сомневајте во тоа.
5. Класично
Овој фустан ќе ги нагласи вратот и рамениците и е совршениот изглед за прославување на претстојните празници.
Уште 5 идеи на следната страна...