5 џемпери кои секој маж треба да ги има оваа зима

Кога ќе залади, ништо не може да ве згрее подобро од топол, плетен џемпер. Меѓутоа, освен практичната функција, ова парче облека може да го одбележи вашиот стилски вкус.

5-dzemperi-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-ima-ovaa-zima-001.jpg

Ниту еден маж не ги следи слепо трендовите, па тоа значи дека треба да се заржите до безвременските класици.

Овие 5 џемпери се токму такви - топли и вечно модерни, па затоа вреди да се најдат  во гардероберот оваа зима:

1. Џемпер во риги

Одличен за со фармерки, над еднобојни маички и кошули или како подлога за слоевито облекување.

5-dzemperi-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-ima-ovaa-zima-01.jpg


2. Џемпер со зимски мотиви

Во текот на празниците добредојден е еден модел преку кој ќе ја почувствувате зимската еуфорија.

5-dzemperi-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-ima-ovaa-zima-02.jpg


3. Џемпер во боја на вино

Храбар избор кој добро оди со карираните кошули. Одличен избор и за кога сакате да ја разбиете црно - сивата монотонија.

5-dzemperi-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-ima-ovaa-zima-03.jpg


4. Џемпер кој ќе го замени сакото

Со дебела плетка, на раскопчување и во едноставна тегет или сива нијанса, зависно од остатокот на гардеробата.

5-dzemperi-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-ima-ovaa-zima-04.jpg


5. Екстремно дебел џемпер

Идеален за зимувањата или снежните денови кога сè што сакате е да ви биде топло и удобно.

5-dzemperi-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-ima-ovaa-zima-05.jpg

Би можело да ве интересира:

7 трикови со кои ќе создадете илузија на подолги нозе Салонки со шпиц наместо со отворени прсти, чевли на платформа - како со чевлите ...
Што облекоа посетителите на Моден викенд Скопје 2024? Oд класични бели костими до специфични црни комбинации, од перје до циркони, што...
Модата „се враќа“ – Аутфити инспирирани од раните 2000-ти (фото) Минијатурни маички со принтови, впечатливи очила во дречливи бои, панталони со м...
„Вака изгледа жена која има многу пари, а нема стил“: Џорџина Родригез е мета на критики Иако на црвениот тепих најчесто е гламурозна, сепак знае да направи грешки во об...
Модниот стил на новата кралица на Данска - Елеганција и префинетост во секоја комбинација (фото) Ја споредуваат со Кејт Мидлтон, обожава мини шапки и букети свежо цвеќе кои чест...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg