Модниот стил на новата кралица на Данска - Елеганција и префинетост во секоја комбинација (фото)

Ја споредуваат со Кејт Мидлтон, обожава мини шапки и букети свежо цвеќе кои често ги носи во раце... Каков е модниот стил на Мери, новата кралица на Данска?

modniot-stil-na-kralicata-meri-od-danska-elegancija-i-prefinetost-vo-sekoja-kombinacija-foto-01.jpg

Кралицата Мери од Данска, сопруга на кралот Фредерик X, е дама со префинет вкус и елеганција.

Нејзиниот моден стил многумина го споредуваат со оној на Кејт Мидлтон и кралицата Ранија од Јордан.

Најчесто е облечена во парчиња со едноставен крој и чисти линии, но и облека во светли, весели бои.

modniot-stil-na-kralicata-meri-od-danska-elegancija-i-prefinetost-vo-sekoja-kombinacija-foto-02.jpg

Но, она што ја одвојува од останатите дами во кралските семејства низ Европа, е нејзината љубов кон минималистичките шапки кои ги носи често, како и букетите свежо цвеќе кои ги носи на рацете, а кои ѝ се заштитен знак.

Погледнете некои од највпечатливите модни изданија на новата данска кралица, која беше крунисана на 15 јануари 2024:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модниот стил на кралот на трубата Џамбо Агушев - Весели бои, впечатливи палта (фото) Гардероба во весели бои и врвна забава - ова се првите асоцијации за Џамбо Агуше...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg