Како да бидете грациозни додека носите високи потпетици?
Високите потпетици се синоним за женственост, елеганција и сензуалност, но за голем број на девојки одењето на потпетици претставува вистински предизвик.
Со помош на неколку трикови можете да научите како полесно да се движите со потпетиците:
Заземете став
Држете ги нозете исправено, контролирајте ги движењата со лумбалниот предел, стегнете го стомакот и опуштете ги рацете и колената.
Прво пета, па потоа прсти
Правилното газење со потпетиците е најважно. Прво треба да се потпрете на штиклата, а потоа на прстите.
Гледајте каде одите
Ова не значи дека погледот треба секогаш да ви биде насочен кон подот, туку треба да внимавате каде одите.
Изедначени чекори
Додека одите благо нишајте ги колковите, бидејќи на тој начин одржувате рамнотежа. Секако, не треба да претерувате.
Квалитет пред сè
Прво и главно правило на кое треба да внимавате е да одберете квалитетни чевли кои на вашето стапало ќе му пружат удобност, сигурност и леснотија.
Вежбајте дома
Пред да зачекорите во јавност, вежбајте дома.
Потпетиците не се за секој ден
Не ги носете потпетиците, ако треба долго да пешачите или ако се брзате. Добро размислете што ќе правите тој ден, пред да облечете потпетици.
Стабилност
Ако имате чувство дека стапалото во потпетиците не ви е стабилно и се лизга, користете силиконски влошки.
Бидете самоуверени
Главна причина зошто жените кои носат високи потпетици изгледаат гламурозно е самодовербата. Затоа, секогаш имајте насмевка на лицето и бидете сигурни во своите чекори.