7 едноставни совети од Скандинавките од кои можеме да научиме многу за модата

Иако сосема различен од оној на Французинките или Италијанките, жените од Скандинавија имаат стил кој е беспрекорен...

7-ednostavni-soveti-od-skandinavkite-od-koi-mozheme-da-nauchime-mnogu-za-modata-01.jpg

Скандинавскиот дизајн се базира на минимализам и практичност, а истото се однесува и на модата.

Скандинавските жени преферираат практични и едноставни парчиња облека, но помасивен накит.

Нивниот моден стил е одличен (иако сосема различен од оној на Французинките или Италијанките, на пример), па може да примените некои од нивните модни трикови и совети.

Кошули од поплин

Поплин е тешка, издржлива ткаенина, традиционално ткаена од свила, но може да има примеси на волна, памук и вештачка свила.

Кошулите изработени од овој материјал се меѓу омилените на Скандинавките - паѓаат убаво, а може да се комбинираат со панталони, здолништа, искинати фармерки.

7-ednostavni-soveti-od-skandinavkite-od-koi-mozheme-da-nauchime-mnogu-za-modata-04.jpg

Практични патики

Жените во овој регион сакаат да мешаат стилови, па затоа избираат практични патики кои може да стојат и на фармерки и на фустани, да се комбинираат и со хеланки и со капут.

7-ednostavni-soveti-od-skandinavkite-od-koi-mozheme-da-nauchime-mnogu-za-modata-07.jpg

Зелена облека

Скандинавските земји се студени, па дамите пробуваат да внесат малку топлина во сивилото преку гардеробата - тие обожаваат зелени парчиња облека кои може да се комбинираат со многу бои и во различни стилови.

7-ednostavni-soveti-od-skandinavkite-od-koi-mozheme-da-nauchime-mnogu-za-modata-08.jpg

„Долги“ шорцеви

За разлика од повеќето жени кои преку лето преферираат ултра куси шорцеви, жените во Скандинавија избираат подолги и пошироки модели, во кои ќе им е удобно.

7-ednostavni-soveti-od-skandinavkite-od-koi-mozheme-da-nauchime-mnogu-za-modata-03.jpg

Фустан преку панталоните

Многу жени во Скандинавија комбинираат панталони (или хеланки) со фустани. Иако оваа комбинација делува чудно на прва, сепак, е интересна и впечатлива и стои одлично.

7-ednostavni-soveti-od-skandinavkite-od-koi-mozheme-da-nauchime-mnogu-za-modata-05.jpg

Марами околу врат

Многу жени носат марами од практични причини - да им ги прекријат вратот и рамената и да се стоплат - избираат големи парчиња за зима.

Но, Скандинавките носат марами и на лето, а избираат мали марами кои ги врзуваат на вратот и се одраз на нивниот моден стил, а не функционалност.

7-ednostavni-soveti-od-skandinavkite-od-koi-mozheme-da-nauchime-mnogu-za-modata-012.jpg

Масивен накит

Масивните парчиња накит се уште еден фаворит на Скандинавките - тоа може да се гломазни прстени, големи приврзоци, обетки...

Но тоа е најчесто едно парче, а не сет од неколку големи парчиња накит.

7-ednostavni-soveti-od-skandinavkite-od-koi-mozheme-da-nauchime-mnogu-za-modata-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
7 модни трикови на Италијанките со кои не можете да згрешите Италијанките важат за едни од најмодерните жени во светот, секогаш средени, доте...
10 парчиња облека и чевли кои треба да престанете да ги купувате Едни парчиња облека се непрактични, други делуваат смешно, а има и такви кои се ...
Парчиња накит кои ќе бидат вистински хит во 2024-та (фото) Накитот има посебна магија - ќе ви го дополни изгледот, ќе ви ја развесели секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg