Џиџи Хадид и Домнал Глисон во љубовна приказна за Вог
Џиџи Хадид изгледа секси и неодоливо во новата фотосесија за декемврискиот Вог со ѕвездата на „Star Wars“ Домнал Глисон во Порто, Португалија.
Фотограф е Марио Тестино.
На една од фотографиите, Хадид носи мини Gucci фустан од тантела вреден 3980$.
Хемијата помеѓу двајцата посебно се забележува на друга фотографија каде Хадид носи фустан на Givenchy.
Одлично одговара што нивната фотосесија се наоѓа во последниот број на Вог за оваа година, бидејќи и двајцата имале одлична година.
Овој фустан со долги ракави изгледа многу невино, но со комбинацијата на бои и кожа изгледа многу моќно. Двајцата носат модели на Burberry.
Оваа фотографија е направена во готската катедрала во Порто, Џиџи во црна тантела, а Глисон во Tom Ford одело.
Овој топ на Marc Jacobs во комбинација со едноставното здолниште е совршена комбинација за празничните прослави кои следат.
Спој на панделки, тантела и желба за прошетка низ пролетта, додека Хадид е во фустан на Derek Lam.
Џиџи носи ултра женски комбинизон на Dolce&Gabbana кој изгледа фантастично. Фотографијата е направена на Igreja do Carmo која е позната црква во Порто во барок стил.
М. Д. | Црнобело