Најновата Bitsiani колекција во комбинација со прекрасната природа на Матка
Новата кампања на Bitsiani насловена како MODERN NATURE за сезона есен-зима 2015 претставува спој на модата и текстурата на природата. Сликана на Кањон Матка од дуото фотографи – Ани&Дими, кои заедно со моделот Андреј Клинчаров и Маја Саздановска која беше задолжена за шминка и фризура, ја пренесоа колекцијата на друго ниво, притоа совршено отсликувајќи ги модните парчиња и убавините на кањонот.
Темата на кампањата е резултат на игра со зборови каде што Mother Nature е претопено во Modern Nature, со што директно се претставува она што колекцијата сака да го пренесе – отскокнување во комбинирањето на модните парчиња и живописноста на природата.
Локацијата Кањон Матка, придонесува за истакнување на облеката и чевлите, давајќи дополнителна структура на целосната слика.
Колекцијата есен-зима ‘15 на Bitsiani се одликува со кошули со подолг крој, во различни бои и шари. Класични одела во повеќе нијанси, кои можат да се комбинираат со несекојдневните дезени на модните додатоци – марамчиња и вратоврска-пеперушка со интересни шари, тенки плетени вратоврски со зимски мотиви итн. Дворедни џемпери, јакни и капути во темни бои, а изборот на чевли варира од класични свечени обувки, до познатите Оксфордки или пак Челзи чизми до глуж од превртена кожа.
Bitsiani е првиот бренд кој Fashion Group го вклучува во своето портфолио во 1995 година. Инаку е основан во 1986 година од страна на дизајнерот Aristotelis Bitsiani, кој гради лидерска позиција на грчкиот пазар и истовремено станува синоним за бренд кој произведува квалитетна облека за модерни европски мажи.
Продавниците на Bitsiani може да ги најдете во Т.Ц. Соравиa и во Скопје Сити Мол.