Не фрлајте пари за непрактична летна облека: Како да изберете подобра алтернатива?

Премногу шарени парчиња, кроп-топ ако не сте во тинејџерските години... за која облека само ќе фрлите пари и ќе ја заборавите во плакарот по само 1-2 облекувања?

ne-frlajte-pari-za-nepraktichna-letna-obleka-kako-da-izberete-podobra-alternativa-101.jpg

Летото дава премногу можности за комбинирање лесни и интересни парчиња.

Токму затоа стилистите велат дека не треба да фрлате пари на облека која е непрактична или на парчиња кои ќе ги облечете само еднаш или двапати.

Па, наместо да избирате облека која не е идеална за лето (дури и да ви се допаѓа), решете се за поевтина и попрактична алтернатива.

На каква облека не треба да фрлате пари?  

Карго здолништа

Карго здолништата, изработени од дебел материјал, со џебови и многу додатоци, веќе не се во мода.

Наместо тоа, стилистите препорачуваат да изберете едноставно здолниште од потенок тексас или миди летни здолништа направени од лесен материјал, кој нема да ве поти.

Животинскиот принт е повторно ин, па ова лето можете да купите такво здолниште и да го изнаносите.

ne-frlajte-pari-za-nepraktichna-letna-obleka-kako-da-izberete-podobra-alternativa-08.jpg

Капри панталони

Стилистите постојано повторуваат дека капри панталоните се најлошиот моден избор за повеќето жени.

Поради својата должина, тие визуелно ја кратат ногата, па најчесто изгледате пониски отколку што сте навистина. А ако имаат џебови или фалти, тогаш додаваат и некој килограм плус.

Единствените капри панталони што доаѓаат предвид се минималистичките црни капри панталони, кои треба да се носат со широка маичка или кошула.

А ако веќе сакате да носите панталони, ова лето заменете ги со шорцеви до над колена или со панталони со широки ногавици и висок струк (кои ја издолжуваат фигурата).

ne-frlajte-pari-za-nepraktichna-letna-obleka-kako-da-izberete-podobra-alternativa-10.jpg

Тесни маички

Кога е премногу жешко, облеката треба да ја прилагодите на надворешната температура.

Стилистите препорачуваат да избегнувате тесни маички кои се припиени за телото и кои уште повеќе може да ве потат.

Наместо тоа, изберете пошироки модели, или уште подобро, стилски елек, кој се комбинира и со здолништа и со панталони, а кој е апсолутен хит ова лето.

ne-frlajte-pari-za-nepraktichna-letna-obleka-kako-da-izberete-podobra-alternativa-02.jpg

Кроп-топ

Кроп-топот, кој го открива поголемиот дел од стомакот, е соодветен за тинејџерки, но не и за повозрасните жени.

Но, тоа не значи дека не треба да носите облека која го нагласува телото.

Само, наместо кроп-топ изберете поелегантна опција - маичка со спуштени ракави, во стилот на Брижит Бардо.

Овие маички ги нагласуваат рамениците, а може да се носат со фармерки, здолништа или кратки панталончиња.

ne-frlajte-pari-za-nepraktichna-letna-obleka-kako-da-izberete-podobra-alternativa-04.jpg

Тесен фустан

Да, во лето сигурно сакате да облечете алишта што ќе ви ги нагласат облините, но тоа сепак не е вистински избор.

Стилистите препорачуваат да изберете пошироки модели на фустани, изработени од тенки и лесни материјали, а кои нема да ве потат и да ви ја иритираат кожата кога надвор е прежешко.

ne-frlajte-pari-za-nepraktichna-letna-obleka-kako-da-izberete-podobra-alternativa-07.jpg

Здолништа до под колена

И овие здолништа веќе не се тренди, особено што поради должината ја скусуваат ногата.

Наместо тоа, заменете ги со здолниште кое е хит ова лето - макси модел, без оглед дали е плисиран или рамен.

ne-frlajte-pari-za-nepraktichna-letna-obleka-kako-da-izberete-podobra-alternativa-06.jpg

Облека со впечатлив принт

Облеката со принт е секогаш во мода, но експертите советуваат да купувате исклучиво парчиња кои имате со што да ги комбинирате, во спротивно, може да изгледаат многу лошо кога ќе ги облечете.

Затоа, подобро е да изберете монохроматски парчиња во светли, весели бои, облека со интересна текстура или минималистички дизајн, а потоа да ја комбинирате со впечатливи аксесоари.

ne-frlajte-pari-za-nepraktichna-letna-obleka-kako-da-izberete-podobra-alternativa-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
6 совети како да носите широки фармерки и панталони, а да не изгледате како вреќа Кога носите широки панталони или фармерки, важно е да ги комбинирате со тесен то...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg