6 совети како да носите широки фармерки и панталони, а да не изгледате како вреќа

Кога носите широки панталони или фармерки, важно е да ги комбинирате со тесен топ. Затоа, заборавете на омилената широка маичка, која во комбинација со широките фармерки ќе направи да изгледате покрупни од што сте навистина.

6-top-soveti-kako-da-nosite-shiroki-farmerki-i-pantaloni-a-da-ne-izgledate-kako-vrekja-01.jpg

Фармерките цевка и тесните панталони веќе не се во мода, а дизајнерите и компаниите кои произведуваат облека се фокусирани на широки модели.

Но, по многу години поминати во носење тесни парчиња, многумина не може да се пронајдат во широките модели на фармерки и панталони, па колку и да се трудат, делува како да облекле вреќа, а не парче облека што треба да им стои убаво и привлечно.

За вас имаме неколку совети како да ги носите широките панталони и фармерки, со што да ги комбинирате, и како да ги избегнете најголемите грешки што ги правеа жените изминатата година.

Прочитајте на што треба да внимавате за да не изгледате како да сте облекле вреќа:

Изберете модел зависно од тоа што сакате да нагласите

Широките панталони и фармерки им стојат на сите жени, само треба да го изберете вистинскиот модел, бидејќи постојат различни кроеви.

Па така, ако имате тенка половина која сакате да ја нагласите, изберете модел со висок струк.

Ако, пак, сакате да ги нагласите нозете, изберете модел со рамни ногавици.

6-top-soveti-kako-da-nosite-shiroki-farmerki-i-pantaloni-a-da-ne-izgledate-kako-vrekja-02.jpg

Играјте со бои и материјали

Боите можат веднаш да го сменат вашиот изглед.

Па, доколку сакате дискретен изглед, изберете облека во неутрални тонови. Ако сакате свеж, весел изглед, решете се за силни бои.

Но, важно е да направите контрастна комбинација при изборот, па на пример, комбинирајте темни широки панталони со светол топ или светли панталони со топ во темна боја.

6-top-soveti-kako-da-nosite-shiroki-farmerki-i-pantaloni-a-da-ne-izgledate-kako-vrekja-04.jpg

Нагласете ја половината

Бидејќи широките панталони и фармерки прават да изгледате покрупно, стилистите сметаат дека треба да ја нагласите половината.

На пример, ставете ја блузата/кошулата во панталоните, а потоа ставете и ремен, кој дополнително ќе го нагласи струкот.

И уште еднаш - за нагласена половина најпрепорачливо е да изберете модел со висок струк.

6-top-soveti-kako-da-nosite-shiroki-farmerki-i-pantaloni-a-da-ne-izgledate-kako-vrekja-09.jpg

Не ги подвиткувајте фармерките

Подвитканите фармерки изгледаат кул.

Но, не и кога се во прашање широките модели, сметаат стилистите. Бидејќи, ако ги свиткате широките ногавици, тие ќе направат ногата да ви изгледа пократка.

Ако купите подолг модел, наместо да ги виткате, скратете ги на шивач.

6-top-soveti-kako-da-nosite-shiroki-farmerki-i-pantaloni-a-da-ne-izgledate-kako-vrekja-06.jpg

Не комбинирајте широко + широко

Кога носите широки панталони или фармерки, важно е да ги комбинирате со тесен топ.

Затоа, заборавете на омилената широка маичка, која во комбинација со широките фармерки ќе направи да изгледате покрупни.

Наместо тоа, изберете потесна маичка, кошула или кроп-топ кои ќе ви ја нагласат линијата и ќе направат да изгледате поубаво и со стил.

6-top-soveti-kako-da-nosite-shiroki-farmerki-i-pantaloni-a-da-ne-izgledate-kako-vrekja-08.jpg

Изберете ја вистинската должина

Предолгите широки фармерки се погрешен избор.

Погрешен избор се и широките фармерки во комбинација со рамни чевли.

Наместо тоа изберете модел до над глуждови кој ќе го комбинирате со чевли на потпетица (дури и да е само 3-4cm висока) или модел кој само ќе ви го покрива врвот на патиките, наместо целосно да ги покрие.

6-top-soveti-kako-da-nosite-shiroki-farmerki-i-pantaloni-a-da-ne-izgledate-kako-vrekja-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
Пет модели на панталони кои треба да ги имате оваа пролет Наместо фустан решете се за некој од овие пет модели на панталони доколку сакате...
5 модели на панталони што ќе бидат хит оваа зима + предлог комбинации (фото) Елегантни панталони со риги кои можете да ги носите и со џемпери, како и пантало...
7 трикови што ќе ви помогнат од око да ги изберете најквалитетните фармерки Обрнувате ли внимание на рабовите, големината на алките за ремен или на нитните?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg