Машка мода: Слоевити комбинации за оваа есен (фото)
Слоевитиот начин на облекување е посебно препорачлив и модерен во есенските денови. Никогаш не знаете кога ќе заврне, а кога ќе огрее сонце, но тоа не мора да ви претставува проблем. Може само да ви послужи како инспирација.
Слоевитото облекување подразбира практично комбинирање кое може да се состои од маица на кратки, кошула, тенок џемпер и елек или кожна јакна.
Парчиња кои секогаш можете да ги споите се еднобојните маици и карираните кошули, тексас кошулата под обичниот џемпер, па врз тоа да додадете тенок шал, палто, елек или уште еден дебел џемпер.
За нешто посвечените настани бирајте еднобојни кошули и тенки џемпери преку кои ќе наметнете сако во потемна боја од џемперот.
Кога ќе ви снема идеи, само разгледајте: