10 совети со кои фармерките ќе ви траат подолго
Идеалните фармерки може да бидат голема инвестиција, па кога станува збор за нивно одржување, тоа може да претставува проблем. Постојат неколку клучни работи на кои треба да посветите внимание при одржувањето на фармерките.
Заборавете на несаканите ситуации со вашите омилени фармерки, сега можете да ги носите токму онакви како што си ги замислувате.
Ова се 10 интересни трикови:
1. Фармерката треба да се носи до 6 месеци и во тој период не треба да се пере. Зошто? Фармерките се прилагодуваат на нашето тело, а со перењето таа форма се губи.
2. Избледените фармерки можете да ги перете почесто само кога се валкани или се разлабавуваат.
3. Што со мирисот? За да се ослободите од миризбата закачете ги во бањата пред да се туширате, пареата ќе ја задржи свежината или можете да ги ставите во кеса и да ги замрзнете на два дена.
4. За да го избегнете бледеењето на фармерките, потребно е да ги перете од обратната страна со ладна вода.
5. Додадете ½ шолја оцет во последното плавење за да ја одржите бојата на тексасот.
6. Обидете се да не користите машина за сушење. Ако веќе морате, ставете ја на најниска температура и извадете ги пред да бидат комплетно суви. Сушете ги наопаку.
7. Како да ги здиплите фармерките? Положете ги на рамна површина, превиткајте ги на половина од лево кон десно. Фатете ги ногавиците и превиткајте ги така што ќе се израмнат со горниот дел.
8. Тексасот треба да „дише“, па затоа не треба сите фармерки да бидат наредени едни до други или да висат меѓу вашите јакни во преполнетиот плакар.
9. Новиот пар фармерки ако треба да ги носите на кројач, добро е претходно ги исперете двапати, затоа што тексасот се собира по должина кога се пере.
10. Ако ви се тесни фармерките, оставете ги природно да се исушат, а потоа со двете раце растегнете ги кај половината. За дополнително да ги раширите, дувајте ги со фен преку половината или испеглајте ги со пегла на пареа додека сè уште се влажни.