Секси и неодоливи - Кои бои ќе бидат во тренд оваа зима?

seksi-i-neodolivi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-zima-01.jpg

Оваа зима ќе можат да се сретнат бројни комбинации на бои и различни нијанси од палетата.

Некои се сосема очекувани, а други пак невообичаени за овој период од годината, бидејќи тука се вклучени и посветлите и потопли нијанси карактеристични за пролетта и летото.

Комбинација на црната и белата боја

Со комбинирањето на ахроматските бои никогаш не можете да погрешите, без разлика на тоа дали ќе се одлучите за графички елементи како моделите на Valentino или поп-арт верзијата со зебра принт на Saint Laurent.

seksi-i-neodolivi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-zima-1.jpg


Силна нијанса на црвена

Оваа боја можете да ја користите во севкупниот ваш изглед како што е примерот со креациите на Givenchy или во рамките на одредени парчиња облека и материјали, како крзната на Emporio Armani.

seksi-i-neodolivi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-zima-2.jpg


Егзотично жолти нијанси

Друга топла боја која може да ви ја направи зимата малку повесела е силно жолтата боја која ќе ве потсетува на сончевите денови.

seksi-i-neodolivi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-zima-3.jpg


Бордо

Оваа боја можете да ја дефинирате како топла и смирувачка, нешто слично како една голтка црвено вино. Неа можете да ја употребите во сите комбинации без разлика дали станува збор за нешто секојдневно, софистицирано, женствено или спортско.

seksi-i-neodolivi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-zima-4.jpg


Маслинка боја

Можете да го употребите примерот на: Elie Saab, Tom Ford и Jason Wu и да се вратите назад во 60-те и 70-те години.

seksi-i-neodolivi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-zima-5.jpg


Морнарско сина

Оваа боја не е вообичаена за овој период од годината, но може совршено да се вклопи во секојдневните комбинации на високо струкирани пантолони, фармерки и здолништа.

seksi-i-neodolivi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-zima-6.jpg


Пастелни

Ако сакате да воведете малку поромантични елементи во вашиот избор на облека, можете секогаш да се одлучите за пастелните бои.

seksi-i-neodolivi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-zima-7.jpg


Розе нијанси

Како што е случајот со пастелните бои, така е и со розовите нијанси. Оваа зима можете да го следите примерот на модната икона Одри Хепберн и да се одлучите за капут со понежна боја.

seksi-i-neodolivi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-zima-8.jpg


Виолетови

Како што е случајот со виолетовите орхидеи, така и вие во оваа боја може да делувате елегантно, деликатно и да фасцинирате.

seksi-i-neodolivi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-zima-9.jpg


Сиви нијанси

Можете да се инспирирате и до сивилото на градот и да воведете некои „индустриски“ елементи кои можете секогаш да ги носите во вашите професионални комбинации. Тука важни се силните контрасти и острите линии за да добиете поелегантен и софистициран изглед.

seksi-i-neodolivi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-zima-10.jpg


Невино бела

Мека, нежна и непостојана. Белата боја е бојата на чистотата и невиноста која може да доживее целосен пресврт во модните парчиња кои можете да ги носите оваа зима. Инспирирајте се од модните комбинации на Fendi и Stella McCartney.

seksi-i-neodolivi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-zima-12.jpg


Црна

Црната боја е безвременска, па затоа никогаш не излегува од мода и може секогаш да се комбинира и носи во било која ситуација и без разлика на тоа дали сакате да изгледате формално или неформално.

seksi-i-neodolivi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-zima-11.jpg

Би можело да ве интересира:

Смели модни комбинации во боја за дамите кои не сакаат да бидат како во униформа Дали во вашиот плакар има само класични, едноставни парчиња облека или доминираа...
Црвен џемпер: Kако да го комбинирате за време на празниците (и за секоја пригода)? На празничен шопинг, на забава со пријателите или за вечерно излегување - како д...
Флис дуксер се продава по 860 евра – Зошто тинејџерите „полудеа“ по него и дали вреди? Изработен е од чиста волна, а кројот совршено „легнува“ на тело. Зошто тинејџери...
Моден водич за мажи: Лекции од Микеле Мороне за да изгледате како италијански заводник Костум со класичен крој, фармерки кои ја следат линијата на телото. Модниот стил...
Шминкајте се и кога сте уморни – 6 правила за елеганција од Коко Шанел Не дозволувајте заморот да ве натера да не обрнувате внимание на сопствениот изг...
Модни тајни со кои Французинките изгледаат совршено дури и на најголемиот студ Кога велиме „плетен фустан“ замислуваме широк модел без некоја посебна форма. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg