Црвен џемпер: Kако да го комбинирате за време на празниците (и за секоја пригода)?
На празничен шопинг, на забава со пријателите или за вечерно излегување - како да го комбинирате црвениот џемпер оваа празнична сезона?
Празниците се веќе тука, а наместо светкава облека, може да изберете црвен џемпер кој исто така ќе направи да изгледате празнично, а притоа може да го комбинирате на многу начини.
Како да го комбинирате црвениот џемпер?
За канцелариска празнична забава
Комбинирајте ги омилените панталони со црвен џемпер. Без разлика на нивната боја, тие ќе ви дадат одличен изглед.
За излегување или прослава со пријателите
Ако сте навикнати да го носите џемперот на вообичаен начин, тогаш овој пат сменете нешто така што ќе ги прекриете вашите раменици со него и ќе добиете шик изглед.
Ова посебно може да го искористите ако знаете дека одите на забава каде што ќе има многу метеж и ќе ви биде премногу топло. Ставете го преку блуза или маица и ќе ви служи како празничен додаток.
За прошетка (или празничен шопинг)
Кога ќе одите на празнично пазарување, црвениот џемпер може да го комбинирате со фармерки и пар патики. Може да надополните и со волнено палто.
За вечерно излегување
Облечете го црвениот џемпер врз бела кошула, така што ќе ја извадите јаката надвор. Контрастот на црвена и бела боја ќе ви даде сладок изглед, а за да не се чувствувате премногу лежерно, комбинирајте со црно мини здолниште и со вашите омилени мокасини, балетанки или чизми со потпетици.
За празнична забава со семејството
Комбинирајте го црвениот џемпер со долго или мини здолниште и тренди црвени хулахопки. Надополнете со сребрени додатоци за уникатен изглед.
М. Ѓ | Црнобело