Зошто овој бренд го надмина Victoria's Secret? (фото)
Victoria's Secret со години владее како најпознат бренд за долна облека, но се чини дека сега има конкуренција – бренд подгранок на американската компанија за облека American Eagle. Станува збор за компанијата Aerie.
Оваа компанија престана да ги фотошопира своите модели и да прикажува идеализирани слики од совршени девојки како што е ситуацијата со ангелите и оттогаш продажбата на нивната долна облека се зголемила.
Покрај тоа што престанала да прикажува совршени сексапилни девојки на своите реклами, за оваа компанија карактеристични се уште неколку работи:
1. Ширум продавниците имате практична долна облека
На куклите во продавниците во Victoria's Secret можете да сретнете долна облека со мала веројатност дека ќе ја носите секојдневно.
За разлика од таму, во Aerie на куклите има долна облека која ја носите секојдневно.
2. Продавниците се силно осветлени
Victoria's Secret е позната по своите розови и црни нијанси на продавниците, а Aerie има силно осветлени продавници и облека која ја носи секоја девојка.
3. Слики од моделите
Во Victoria's Secret можете да ги видите исклучиво сексапилните ангели, а во Aerie имате модели со кои секоја млада девојка може да се спореди.
4. Долната облека која се продава
Victoria's Secret е основана од Рој Рејмонд со идеја дека тука ќе купуваат мажите долна облека за своите жени без чувство на срам дека влегуваат во продавница за секси долна облека. Оваа идеја сè уште е задржана во оваа компанија.
За разлика од тука, во Aerie идејата е да се привлечат младите девојки и родителите кои пазаруваат со своите ќерки тинејџерки.